Стари Лозја — археолошко наоѓалиште во прилепското село Вранче. Претставува населба од римско и бакарно време.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа на околу 600 метри западно од селото.
Опис
На наоѓалиштето на една поголема површина се среќаваат фрагменти од енеолитска керамика, како и фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди, тули и парчиња згура од топена руда од римското време.
Поврзано Аџина Бара — населба римско време и среден век; Горна Корија — населба и некропола од доцноантичко време; Длабока Бара — населба од доцноантичко време; Русоица — населба од доцноантичко време; Тумба — населба од доцноантичко време; Црква Св. Никола — осамен наод од римско време; Вранче; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Вранче