Зилтски дијалект или зелриншки — дијалект на севернофризискиот јазик говорен на островот Зилт, во областа Северна Фризија, во Германија. Зелриншки се однесува на зелриншкиот збор за Зилт (Söl). Заедно со другите севернофризиски дијалекти — фериншки, емраншки и халундски — создава дел од внатрешната група на севернофризиски дијалекти. Се разликува од дијалектите на копното поради неговото релативно силно изразена данско влијание. Поради масовниот туризам на Зилт, дијалектот главно бил заменет од германскиот јазик, а зелриншкиот дијалект го говорат само неколку стотина луѓе, многу од нив повеќе не живеат на Зилт. Иако е предаван во неколку основни училишта, неговиот опстанок е загрозен, споредувајќи го со другите островски дијалекти.

Наводи

Категорија:Зилт Категорија:Севернофризиски јазик