Најдобрите приказни за духовите: Божикна песна и други (англиски: Best ghost stories: Selected stories) е книга од англискиот писател Чарлс Дикенс. Книгата е објавена на македонски јазик од страна на издавачкото претпријатие „Кродо“ од Скопје во 2013 година, во превод на Анета Пауновска.

Технички податоци Книгата има 270 страници и е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ и го поседува меѓународниот број ISBN број 978-608-65193-4-6. Лектурата на текстот е дело на Катерина Митиќ. Објавувањето на книгата било поддржано од Министерството за култура на Македонија, а таа е испечатена во „Алфа принт“ од Скопје, каде што е извршена и техничката подготовка.Чарлс Дикенс, Најдобрите приказни за духовите: Божикна песна и други, Скопје: Кродо, 2013.

Содржина Книгата „Најдобрите приказни за духовите: Божикна песна и други“ содржи шест раскази, и тоа:Чарлс Дикенс, Најдобрите приказни за духовите: Божикна песна и други, Скопје: Кродо, 2013. Божикна песна (Прв дел: Духот на Марли; Втор дел: првиот од тројцата Духови; Трет дел: Вториот од тројцата Духови; Четврти дел: Последниот од Духовите; Петти дел: Крајот на приказната) Баронот од Грогцвиг Чудниот стол (Приказната на ветошарот) Гоблините што го украдоа клисарот За читање во квечерина Духот во Одајата на Невестата

Исто така, на крајот од книгата е даден кус приказ на животот и делото на Дикенс под наслов „За писателот и неговите приказни“ од Анета Пауновска.

Наводи

Категорија:Изданија на Кродо Категорија:Раскази за деца Категорија:Дела на Чарлс Дикенс Категорија:Појавено во 2013 година во Македонија