Гликозурија или глукозурија — екскреција на гликоза во урината. Вообичаенo, урината не содржи гликоза бидејќи таа во тубулите се реапсорбира повторно во крвотокот. Гликозуријата најчество настанува поради зголемена концентрација на гликоза во крвта, најчесто при неконтролиран дијабетес мелитус. Поретко, гликозурија настанува поради интринзичен проблем со реапсорпцијата на гликоза во бубрезите, состојба наречена ренална гликозурија.
Надворешни врски
Категорија:Шеќерна болест Категорија:Абнормални клинички и лабораториски наоди за урина Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ