250px|thumb|right|Обоените убавици, претставници на викторијанската архитектура во Сан Франциско.
Сан Франциско — четвртиот најголем град во Калифорнија и четиринаесеттиот најголем во САД со 739.426 жители, според информации од 2005 година.Државни и општински брзи факти: Општина Сан Франциско, Калифорнија Пописно биро на САД. 3 септември 2006. Се наоѓа на врвот на полуостровот Санфранцискиот Полуостров и е центар на збиднување во заливот на Сан Франциско. Сан Франциско е втор град по густина на жители во САД.Попис 2000: Американски градови со над 50.000 жители
Во 1776, Шпанците биле првите Европејци што перманентно го населиле Сан Франциско. Тие основале мисија и ја нарекле според Францис од Асиси. По започнувањето на златната треска во 1848, градот започнал период на нагол развој. По катастрофалниот земјотрес и пожар во 1906, Сан Франциско бил брзо реконструиран и денес е еден од најпрепознатливите градови во светот.
Сан Франциско е познат по маглата, стрмните ридови, мешавината на викторијанска и модерна архитектура и по локацијата на полуостров эаокружен со Тихиот Океан и Санфранцискиот Залив. Меѓу најпрочуените делови на Сан Франциско се вклучуваат мостот на Златната Капија, Алкатраз, кабелските коли, пирамидата на Трансамерика и кинеската четврт.
Историја Сан Франциско, полуостровот бил населен уште во 8000 п.н.е. На 2 ноември 1769, шпанска експедиција предводена од Гаспар де Портола пристигнала во областа на денешен Сан Франциско и наишла на неколку мали села формирани од групата Јеламу, дел од племето на Охлоне. Шест години подоцна, Шпанците ја оформиле калифорниската мисија Сан Франциско де Асис (позната како Мисија Долорес), а заедно со неа биле формирана мала населба и воена тврдина во пределот кој е денес познат како Президио.Животот во една калифорниска мисија: Монтереј во 1786: Дневниците на Жан Франсоа Де Ла Перуэ, комте де Ла Перуэ, Јаман, Линда Гонсалвес, Малколм Марголин, ISBN 0-930588-39-8.
225px|thumb|left|Мисија на Сан Франциско де Асис (Мисија Долорес) По осамостојувањето на Мексико од Шпанија во 1821, областа станала дел од Мексико. Во 1835, англичанецот Вилијам А. Ричардсон ја изградил првата поголема куќа надвор од областа на Мисијата Долорес.Од 1820-тите до Златната треска, Виртуелен Музеј на Сан Франциско Куќата била изградена во близината на едно пристаниште во областа денес позната како Портсмут Плоштад. Ричардсон заедно со предводникот на мисијата, Франциско де Харо направиле урбан план за проширената населба. Новоформираниот град бил наречен Јерба Буена и почнал да привлекува американски доселеници. На 7 јули 1846, за време на Американско-мексиканската војна, комодорот Џон Д. Слоут ја прогласил Калифорнија за американска територија. Два дена подоцна, капетанот Џон Б. Монтгомери пристигнал и го присвоил Јерба Буена. Градот бил преименуван во Сан Франциско следната година. И покрај привлечната локација како пристаниште и воена база, Сан Франциско сѐ уште претставувал мала населба во регион со непристаплива географија.
240px|right|thumb|Кабловска кола на улицата Калифорнија во 1899 Златната треска во Калифорнија привлекла маса на пронаоѓачи на злато. Сан Франциско бил претпочитан во однос на соперник-градот Бениша,Првата Sидана Зграда на Сан Франциско Виртуелен Музеј на Сан Франциско и бројот на жители пораснал од 1.000 во 1848 на 25.000 во декември 1849.Историски Сан Франциско: Кратка Историја и Водич, Ричардс Ренд, 1991, ISBN 1-879367-00-9 Можноста за збогатување била толку привлечна да посадите на бродовите кои допловувале во Сан Франциско дезертирале од своите позиции и се упатувале кон златните пронаоѓалишта. Калифорнија брзо станала официјална држава на САД и американската војска ја изградила тврдината Поинт крај мостот на Златната Капија. Војската изградила уште една тврдина на островот Алкатраз со цел да се заштити Санфранцискиот Залив. Со пронаоѓањето на сребро во 1859 и отворањето на рудникот Комсток, бројот на жители на Сан Франциско уште повеќе се зголемил. Со зголемувањето на проток на луѓе, криминалот бил во подем и брегот на Барбари се претворила во дел од градот каде што владееле криминалот, проституцијата, и коцкањето.
Преземачите се обиделе да ги искористат шансите за збогатување за време на златната треска. Први се збогатиле банките како Велс Фарго (основана во 1852) и железничката индустрија која под водство на т.н. голема четворка (чиј член бил Лилeнд Стенфорд) ја изградиле првата прекуконтинентална железница. Развојот на пристаништето на Сан Франциско го направил градот да стане центар на трговска размена. Реагирајќи на побарувачката и вкусовите на месните жители, Ливај Страус отворил продавница за суви производи а Доминго Гирардели започнал да произведува чоколадо. Имигрантите го направиле градот да биде разновиден: кинеските железнички работници ја создале кинеската четврт. Првите кабелски коли започнале да ги пренесуваат жителите на Сан Франциско по стрмата улица Клеј во 1873 година. Викторијанките на Сан Франциско почнале да се намножуваат низ градот. Истовремено, градските татковци лобирале да се создаде голем урбан парк. Како резултат на тоа, Паркот на Златната Капија бил создаден. Жителите на Сан Франциско изградиле училишта, цркви, театри и останати типични институции на едно граѓанско општество. Президио се претворил во една од најбитните воени бази на Тихиот Океан.Под Три Знамиња. (PDF) Президио на Сан Франциско, Национална Рекреативна Област на Златната Капија, Национален Сервис на Парковите, Министерство за Внатрешни Работи. Кон крајот на 19-иот век, Сан Франциско се претворил во меѓународно прочуен град познат по својот уникатен стил, раскошни хотели, претенциозни имоти на Ноб Рид и растечката уметничка сцена.
right|thumb|left|450px|"Никогаш во историјата модерен империјалистички град не бил комплетно уништен. Сан Франциско повеќе не постои." – Џек Лондон по земјотресот и пожарот во Сан Франциско во 1906 година.Приказна на еден Очевидец, Џек Лондон, Виртуелен Музеј на Сан Франциско Во 5:12 часот на 18 април 1906, силен земјотрес го удрил Сан Франциско и северна Калифорнија. Додека зградите се рушеле, дупки во гасоводниот систем почнале да предизвикуваат пожари кои подоцна се прошириле низ целиот град. Водоводниот систем престанал да функционира и откако пожарот беснеел неколку денови, војската од Президио започнала да минира делови од градот со цел да го изолира. Повеќе од три-четвртини од градот биле уништени, вклучувајќи и најголемиот дел од центарот на градот.<ref>Рене Монтењ (11 април 2006). Сеќавање на Земјотресот од 1906 Национално Јавно Радио, Утринска Програма".</ref> Во тогашно време се верувало дека околу 498 луѓе го изгубиле животот, но, модерните проценки велат дека неколку илјади погинале.Жртви и Штети После Земјотресот во 1906 Американски Геолошки Институт, Програма за Земјотресни Опасности - Северна Калифорнија. Повеќе од половина од 400.000 жители останале без домови.Президио на Сан Франциско:1906 Земјотрес и Пожар Национален Сервис на Паркови, Министерство за Внатрешни Работи, Национална Рекреативна Област на Златната Капија. Избеглиците се населиле привремено во шаторски населби во паркот на Златната Капија, во Президио и на плажите низ градот. Многу од жителите засекогаш се отселиле во источниот дел од заливот.
thumb|250px|left|Палата на Уметностите во 1915 за време на Панамско-Тихоокеанскиот Интернационален Саем Реконструкцијата на градот била брза. Предлозите да се реформира структурата на уличниот систем биле одбиени и градот бил повторно изграден во истата форма како и претходно. Банката на Италија на Амадео Џианини која подоцна станала Банка на Америка (една од најголемите банки во САД), издала кредити на многу од жителите со уништени живеалишта. Уништените палати на Ноб Ридот биле претворени во хотели. Градското собрание било повторно изградено и градот ја прославил својата реинкарнација со Панамско-Тихоокеанскиот Интернационален Саем во 1915 година.
Во годините што следеле, Сан Франциско ја зацврстил својата позиција како главен финансиски центар. За време на крахот на Вол Стрит во 1929 година, ниту една од банките во Сан Франциско не банкротирале. Банкарството и Златната Треска во Сан Франциско Виртуелен Музеј на Сан Франциско. За време на Големата Депресија, Сан Франциско започнал два големи градежни проекти. Истовремено биле градени Сан Франциско - Оукланд Заливскиот Мост и Мостот на Златната Капија. Првиот бил завршен во 1936 додека вториот во 1937 година. Истовремено, островот Алкатраз се преориентирал од воена тврдина во федерален затвор со максимална безбедност каде што биле затворени некои од најпознатите американски криминалци, вклучувајќи го и Ал Капоне. Сан Франциско подоцна ја прославил својата повторно здобиена грандиозност со Светскиот Саем во 1939 и 1940 година. За потребите на саемот бил изграден вештачкиот Остров на Богатството во заливот на Сан Франциско.
thumb|right|200px|БСД Сан Франциско плови под Мостот на Златната Капија во 1942, за време на Втората светска војна За време на војната, Хантерс Поинт, пристаниште на американската морнарица и Тврдината Мејсон се претвориле во центар на активности и примарно пристаниште од каде заминувале бродовите и морнарите кон тихоокеанските борбени линии.Втора светска војна во Санфранцискиот Залив. Национален Сервис на Паркови, Министерство за Внатрешни Работи Заради експлозијата на понуда за работа, многу луѓе биле привлечени кон заливот, особено африканските Американци од јужните краишта. На крајот на војната, многу од цивилното, но, и военото население одлучило да остане да живее во заливот. Повелбата на Обединетите Нации била договорена и потпишана во Сан Франциско во 1945 година, а во 1951 бил потпишан и Сан Франциско Договорот со кој и формално била заклучена војната со Јапонија.
За време на 1950-тите и 1960-тите, повеќе урбани проекти довеле до уништување на стари објекти во западните населби и градење на нови. Истите проекти довеле до градење на нови автопати. Трансамерика Пирамидата била завршена во 1969 година, а за време на 1980-тите биле изградени повеќе Менхетен стил облакодери во центарот на градот. Пристанишните активности истовремено се преселиле од Сан Франциско во Оукланд и градот започнал транзиција од индустиските активности кон туризмот како главен мотор на економска активност. Предградијата започнале нагло да растат и да се равиваат, а демографијата на градот почнала забележително да се менува. Дел од белците почнале да го напуштаат градот додека сè повеќе од новонаселените биле од Азија или Јужна Америка.Тори Минтон (20 септември 1998). Трка низ Времето Сан Франциско Хроникл.
thumb|left|250px|Раскрсницата на Хејт и Ешбури
За време на истиот период, Сан Франциско се претворил во магнет за американската против-култура. Генерација на нови автори од Сан Франциско дале замав на ренесансата во Сан Франциско која особено била концентрирана во населбата Северна Плажа во 1950-тите. Хипиците биле масовно привлечени кон населбата Хејт-Ешбури во 1960-тите. Врвот на овој феномен бил достигнат во 1967 за време на Летото на Љубовта. Во 1970-тите, градот станал центар на движењето за хомосексуални права. Населбата Кастро тогаш се претворила во урбана населба каде мнозинството на жители биле хомосексуалци. Истовремено, Харви Милк, познат борец за хомосексуални права бил избран за прв хомосексуален член на градскиот совет. Во 1978, Харви Милк и тогашниот мошне популарен градоначалник на Сан Франциско, Џорџ Москони биле атентирани.
Во 1989 година, Земјотресот во Лома Приета причинил големи штети и жртви низ заливот. Во Сан Франциско, земјотресот предизвикал големи штети на зградите во населбите Марина и Јужно од Маркет. Оштетениот автопат крај Ембаркадеро подоцна бил дорушен, а локалната област реконструирана, со што се возобновил историскиот источен брег на градот.