Роберт Хофштатер (; — ) — американски физичар и добитник на Нобеловата награда за физика во 1961 (заедно со Рудолф Месбауер) „за пионерските изучувања на расејувањето на електроните во атомските јадра и откритијата за структурата на нуклеоните“.R. W. McAllister & Robert Hofstadter, "Elastic Scattering of 188 MeV Electrons from Proton and the Alpha Particle," Physical Review, V102, p. 851 (1956).Robert Hofstadter, "The Electron Scattering Method & its Application to the Structure of Nuclei and Nucleons ," Nobel Lectures, Physics 1942-1962, pp. 560-581, Elsevier Pub. Co., Amsterdam-London-New York (Dec 1961).

Животопис Хофштатер се родил во еврејско семејство во Њујорк на 5 февруари 1915. Син на полски имигранти, Луис Хофштатер, трговец, и Хенриета Кенигсберг. Тој одел во основно и средно училиште во Њујорк и се запишал во Њујоршкиот градски колеџ, дипломирајќи во 1935 на дваесет годишна возраст и бил награден со Кенјонова награда за математика и физика. Тој исто така добил стипендија од фондацијата „Чарлс А. Кофин“ од компанијата Џенерал Електрик, која му овозможила да го посетува факултетот во Принстонскиот универзитет, каде тој магистрирал, а набрзо и докторирал на дваесет и три годишна возраст. Тој своите постдокторски студии ги извел во Пенсилванискиот универзитет и бил доцент (професор асистент) во Принстонскиот универзитет пред да се придружи на Стенфордскиот универзитет. Хофштатер предавал во Стенфорд од 1950 до 1985.

Во 1942 се оженил со Ненси Гиван (1920-2007), жител на Балтимор (Мериленд).2007 obituary to Nancy Givan from Stanford university. Заедно имале три деца: Лаура Моли - која била инвалид и не била способна да комуницираDoug Hofstadter's dedication to 'I am a strange loop'. Даглас Хофштатер - добитник на Пулицерова награда

"Erdős" бројот на Роберт Хофштатер е 5.

Опус Талиумско активиран натриум јодиден детектор на гама-зраци Во 1948 Хофштатер поднел патент за ова, за детекција на јонизирачко зрачење од овој кристал.%5Bhttp://www.nap.edu/openbook.php?record_id=10169&page=163%5D Овие детектори се широко користени за детекција на гама-зраци до ден денес.

Измислување на ферми (единица) и нобелово предавање во 1961

Роберт Хофштатер го измислил терминот ферми (единица), симбол fm,

во чест на италијанскиот физичар Енрико Ферми (1901–1954), еден од основачите на јадрената физика, во документ од 1956, објавен во весникот „Ревизија на современата физика“, со наслов „Електронска дифракција и јадрена структура“.Hofstadter, Robert, Department of Physics, Stanford University, Stanford, California, "Electron Scattering and Nuclear Structure," Rev. Mod. Phys. 28, 214–254 (1956) © 1956 The American Physical Society Терминот е широко употребуван од јадрени и честични физичари. Кога Хофштатер бил награден со Нобеловата награда за физика во 1961, дополнително се појавува текстот на неговото нобелово предавање од 1961, „Електронско-расејувачкиот метод и неговата примена во структурата на јадрата и нуклеоните“ (декември 11, 1961).

Комптонската опсерваторија за гама-зраци и телескопот EGRET Во неговите неколку последни години, Хофштатер се заинтересирал за астрофизиката и го применил своето познавање на сцинтилатори во дизајнирање на телескопот за гама-зраци (EGRET) на Комптонската опсерваторија за гама-зраци именувана по соработникот нобеловец по физика (1927), Артур Комптон. Одделот за физика на Стенфордскиот универзитет го истакнува Хофштатер како „принципиелен научник кој ја развил комптонската опсерваторија“.

Почести и награди 1961 Нобелова награда за физика, заеднички добитник со Рудолф Месбауер, „за пионерските изучувања на расејувањето на електроните во атомските јадра и откритијата за структурата на нуклеоните“. Стенфордскиот универзитет има годишно сериско предавање наречено по Хофштатер, спомен предавања за Роберт Хофштатер , кои се состојат од две предавања годишно, едното ориентирано кон јавноста, а другото ориентирано кон научници.

Објавени дела Технички извештаи: Хофштатер, Р. "Детекција на неутрони со сцинтилаторски бројачи" Брукхејвенска национална лабораторија, Министерство за енергетика на САД (преку претходната агенција Комисија за атомска енергија), (ноември 1948). Хан, Б., Равенхол, Д. Г. и Р. Хофштатер. "Високоенергетско електронска дифракција и производство на полнежи на избрани јадра" Стенфордски универзитет, Министерство за енергетика на САД (преку претходната агенција Комисија за атомска енергија), Канцеларијата на морнарско истражување и Американска воздушна сила, (октомври 1955). Чејмберс, Е.Е. и Р. Хофштатер. "Структурата на протонот" Стенфордски универзитет, Министерство за енергетика на САД (преку претходната агенција Администрација за енергетско истражување и развој), Канцеларијата на морнарско истражување и Американска воздушна сила (април 1956). Хофштатер, Р. "Структурата во протонот и неутронот" Стенфордски универзитет, Министерство за енергетика на САД (преку претходната агенција Комисија за атомска енергија), (јуни 1958). Колард, Х., Хофштатер, Р., Хјуз, Е. Б., Јохансон, А., Јериан, М. Р., Деј, Р. Б. и Р. Т. Вагнер. "Еластично електронска дифракција од трициум и хелиум-3" Стенфордски универзитет, Министерство за енергетика на САД (преку претходната агенција Комисија за атомска енергија), Лос Аламоска научна лабораторија, Канцеларијата на морнарско истражување, Лабораторија за истражување на воздушна сила, (октомври 1964). Хофштатер, Р. "K-edge Одземање ангиографија со синкротонски Х-зраци: Последен технички извештај, (февруари 1, 1984 до јануари 31, 1987)," Стенфордски универзитет, Министерство за енергетика на САД, (септември 1987).

Поврзано Ферми (единица) Во популарната ТВ комедија Бубалици, наводно еден од главните ликови е именуван по Хофштатер. Хофштатер, Роберт, „Електронско-расејувачкиот метод и неговата примена во структурата на јадрата и нуклеоните“ , нобелово предавање (декември 11, 1961) Хофштатер, Роберт, „Говорот на Роберт Хофштатер на нобеловиот банкет“, Нобеловата фондација, Стокхолм, декември 10, 1961. Флинт, Петар Б., „Некролог: д-р Роберт Хофштатер почина на 75; Ја доби Нобеловата награда за физика во '61“, The New York Times, ноември 19, 1990.

Наводи

Надворешни врски Biography and Bibliographic Resources, од Канцеларијата за научни и технички информации, Министерство за енергетика на САД Robert Hofstadter Memorial Lectures, annually presented at the Stanford University School of Humanities and Sciences, Department of Physics and as of March 2011 listed under individual years' calendars in the Department's official pages at the Stanford University website National Academy of Sciences Biographical Memoir

Категорија:Експериментални физичари Категорија:Носители на Националниот научен медал Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Американски нобеловци Категорија:Еврејски физичари Категорија:Луѓе од Њујорк Категорија:Апсолвенти на Принстонскиот универзитет Категорија:Американски јадрени физичари Категорија:Еврејски нобеловци Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Членови на Американското филозофско друштво