Хорст Лудвиг Штермер ( ) — германски физичар, добитник на Нобелова награда, сега пензиониран професор со титулата „професор емеритус“ од Колумбискиот универзитет. Тој бил награден со Нобеловата награда за физика во 1998 заедно со Даниел Цуј и Роберт Лафлин „за откривањето на нов облик на квантна течност со дробнонаелектризирани возбуди“ (Холовиот дробен квантен ефект). Тој и Цуј работеле во Беловите лаборатории за време на експериментот раководен од страна на Нобеловиот комитет.

Животопис Штермер се родил во Франкфурт на Мајна и израснал во блискиот град Шпрендлинген. Студирал физика во Франкфуртскиот универзитет во Франкфурт на Мајна, квалификувајќи се за диплома во лабораторијата на професорот Вернер Мартинсен. Тука тој бил под надзор на професорот Екхарт Хениг и работел заедно со друг иден нобеловец, Герд Биниг.

Штермер се преселил во Франција за неговите докторски студии во Гренобл, работејќи во лабораторија за високомагнетно поле која била под заедничко раководство на францускиот CNRS и германскиот Макс Планков институт за истражување на цврста агрегатна состојба. Академскиот советодавник на Штермер бил професорот Ханс-Јоаким Квисер, а подоцна докторирал во Штутгартскиот универзитет во 1977 со неговата теза за истажувањата на електронските капки изложени на високомагнетно поле. Тој исто така ја запознал неговата жена, Доминик Паркет, додека работел во Гренобл.

По докторирањето, Штермер се преселил во САД да работи во Беловите лаборатории, каде го спровел истражувањето кое му ја донело Нобеловата награда. По работењето во Беловите лаборатории цели 20 години, тој на Исидор Ајзек Раби му бил професор по физика и применета физика во Колумбискиот универзитет во Њујорк, а сега е пензиониран професор со титулата „професор емеритус“.

Штермер е натурализиран американски граѓанин.http://www.nndb.com/people/075/000099775/

Истражувачка кариера Веројатно најважната работа која му ја донела Нобеловата награда е неговиот пронајдок на модулацискиот допинг, медот за создавање на екстремно подвижни дво-димензионални електронски системи во полуспроводници. Ова го овозможило подоцнежното набљудување на Холовиот дробен квантен ефект, кој бил откриен од Штермер и Цуј во октомври 1981 при експеримент одржан во лабораторијата за високомагнетно поле во Масачусетскиот институт за технологија. По една година од експерименталното откритие, Роберт Б. Лафлин успеал да ги објасни неговите резултати. Штермер, Цуј и Лафлин заеднички биле наградени со Нобеловата награда за физика во 1998 за нивната работа.Nobel Prize press release

Наводи

Надворешни врски

Horst L. Stormer Patents Honeywell - Nobel Interactive Studio

<div style="clear:both">

Категорија:Германски физичари Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Германски нобеловци Категорија:Американски физичари Категорија:Американски нобеловци Категорија:Заповедници на Орденот за заслуги за СР Германија Категорија:Живи луѓе Категорија:Членови на Американското филозофско друштво