Ѓурѓулешт ) — село и општина во реонот Кахул, јужна Молдавија и граничен премин на молдавско-романската граница. Оддалечено е 10 км од градот Галац.
Географија Месноста е најјужната точка во Молдавија, на местото каде реката Прут се влева во Дунав, на границата со Романија и Украина. Општината се состои исклучиво од селото Ѓурѓулешт.
Стопанство Ѓурѓулешт е единственото молдавско пристаниште на Дунав. Во 2006 г. е изграден нафтено складиште.
На 25 км од Ѓурѓулешт се наоѓа и местото на идниот аеродром кој ќе ја опслужува Долнодунавската метрополитенска област.
Демографија Селото има население од 3.074 жители. Според пописот од 2004 г. Ѓурѓулешт има 2.995 жители, од кои 2.936 (98%) се Молдавци/Романци и 59 (2%) останати (15 Украинци, 15 Гагаузи, 10 Руси итн.).Попис 2004 - Демографски, национални, јазични и културни особености — Национална статистичка служба на Молдавија
Во 1930 г. селото броело 1.944 жители, од кои 1.914 (98,5%) биле Романци, а 30 (1.5%) од други народности (4 Руси, 6 Гагаузи, 8 Бугари, 9 Роми, 2 Грци и 1 Унгарец). месноста Рени од реонот Исмаил.
Поврзано
Прут Крајни точки на Молдавија
Наводи
"Giurgiuleşti, Republica Moldova" — Jurnalul Naţional, 14 октомври 2006
Надворешни врски
Портал на Ѓурѓулешт Меѓународно слободно пристаниште Ѓурѓулешт
Категорија:Населени места во Молдавија Категорија:Кахул (реон) Категорија:Населени места на Дунав