Арагац () или Алаѓоз () — стратовулканска планина во северозападна Ерменија, околу 40 км северозападно од главниот град Ереван. Сместена е во покраината Арагацотн и е највисока планина во земјата. На падините се наоѓаат историски значајната Бјураканската опсерваторија и средновековната тврдина Амберд.
Планината е висока 4.090 м и пресечена со ледници и потекнува од плиоценот до плеистоценот. На сите страни, вулканот има странични конуси и пукнатини низ кои некогаш течела лава, спуштајќи се на пониските крила на планината.
Неколку од нив се сметале за холоценски, но подоцна е применет калиумско-аргонски метод и утврдено е дека се образувани во средниот до доцен плеистоцен. Најмладите лавини остатоци на крилата немаат точно утврдена старост, но се смета дека се создадени помеѓу крајот на доцниот плеистоцен и 3000 г. п.н.е.Kharakanian et al., 2003. Во правец југозапад-североисток се протегаат низа кратери и конуси во должина од 13 км, пресекувајќи го работ на северниот кратер и претставува извор на понови текови на лава и лахари. Се смета дека лахарите се својствени за избувнувањата од врвот на планината за време на холоценот. На западните и јужните падини Арагац изобилува со петроглифи од средното камено до железното време.The Rock Art of the Mt. Aragats System | Anna Khechoyan - Academia.edu
Околни градови Во околината на планината се сместени неколку града: Аштарак на југоисток, Апаран на сеероисток, Арктикот на северозапад и Талин на југозапад. Помали населени места има и на другите страни од планината.
Предание за Григориј Просветител Според едно предание, Св. Григориј Просветител еден ден се молел на планината, кога се појавил чудесен вечен фенер што висел од небото за да го просветли. Верниците сметаат дека тој може да се види и денес, но само од преданите.Газета «Голос Армении», статья „Арагац - крыша Армении “. 11 сентября 2010 года..
мини|центар|900п|Панорама на Аргац
Поврзано Ерменска Висорамнина Кари (езеро) Географија на Ерменија
Наводи
Надворешни врски
Планината Аргац Преданието за фенерот на Просветителот
Категорија:Планини во Ерменија Категорија:Вулкани во Ерменија Категорија:Стратовулкани Категорија:Четириилјадници