мини|десно|„Зелена гранка со тажно жолто овошје“ — позната песна на Уевиќ мини|десно|Уевиќ во кафеана Тин Уевиќ (; 5 јули 1891 – 12 ноември 1955) — хрватски поет, еден од најголемите поети на Хрватска и просторите на поранешна Југославија.
Biography Уевиќ е роден во гратчето Вргорац, Далмација и пораснал во Имотски, Макарска и пократок период во Загреб, каде примил влијанија од кружокот на Антун Густав Матош. Завршил гимназија во Сплит, па за време на Првата светска војна провел извесно време во Франција. Студирал во Белград, каде ја поминал најплодната деценија на своето творештво. Работел како политички деец за југословенската идеја (1912–1916), а потоа ја напуштил политиката и се оддал на уметнички живот на боемски талкач низ Белград, Сараево, Мостар, Сплит и Загреб. Во меѓувреме членувал и во француската Легија на странци.
Се истакнал на три полиња: како преведувач, есеист, фељтонист и поет. Превел голем број поетски дела, романи и раскази на српски и хрватски: Волт Витман, Марсел Пруст, Џозеф Конрад, Бенвенуто Челини, Џорџ Мередит и други. Напишал преку десет книги со есеи, поезија во проза и осврти, но највеќе се истакнат со својот монументален поетски опус.
Откако станал темелен познавач на сета западна поезија (од Данте Алигиери и Гете до Шарл Бодлер, Артур Рембо, Витман и Езра Паунд) и сите хрватските поетски великани (како Марко Марулиќ и Иван Гундулиќ), Уевиќ создал свој неповторлив протејски стил кој се одликува со велелепност. Обработувал секакви тематики, од пантеистичкиот мистивизам до скромната христијанска духовност, чествувајќи ја телесноста и занесното единство на човечкото и вончовечкото, внатрешни осврти и размисли. Г претставувал Совремието, со својата технолошка опседнатост во бурлескна иронија, навраќајќи се на идилата на далматинските села. Ја обработувал и еротската природа на човекот, како и неговата препуштеност на судбината. Со сето ова, поезијата на Уевиќ се одликува со еден многуобразен поглед кон животот и мешавина од спротивставени традиции, од средоземниот идеал на хармоничка убавина до современ егзистенцијалистички поглед, срочени во стихоби со длабока проникливост и големо мајсторство.
Уевиќ работел како преведувач во државните установи на Независната Држава Хрватска и продолжил да објавува материјали. Поради ова, повоениот режим неколку години му забранил да ја продолжи писателската кариера.Fischer, Wladimir. "Die vergessene Nationalisierung. Eine synchrone und diachrone Analyse von Ritual, Mythos und Hegemoniekämpfen im jugoslavischen literaturpolitischen Diskurs von 1945 bis 1952." Dipl. Thesis. Universität Wien, 1997. Print. Починал на 12 ноември 1955 г. и погребан е на гробиштата Мирогој во Загреб.
Во Хрватска има вкупно 122 улици со неговото име, и со тоа Уевиќ на деветтото место меѓу личностите по бројот на улици наречени во нивна чест.
Дела „Лелек на ратајот“ (Lelek sebra, 1920, Белград, кирилична екавица) „Ѓердан“, 1926, (Kolajna, Белград, кирилична екавица) „Кола на корзото“ (Auto na korzu, 1932) „Скалпел на хаосот“ (Skalpel kaosa, 1938, Загреб) „Жеден камен на кладенец“ (Žedan kamen na studencu, 1954, Загреб)
Наводи
Надворешни врски
Песни на Тин Уевиќ „Не се сезоните само календар, има едно чувство на пролет“ — есеј на Тин Уевиќ на off.net
Категорија:Хрватски поети Категорија:Хрватски есеисти Категорија:Хрватски писатели Категорија:Хрватски преведувачи Категорија:Југословенски писатели Категорија:Родени во 1891 година Категорија:Починати во 1955 година Категорија:Погребани на гробиштата „Мирогој“