Јантра () — река во северна Бугарија и десна притока на Дунав. Долга е 285 км и има сливна површина од . Го зазема третото место по должина меѓу притоките на Дунав во Бугарија.
Реката извира во северното подножје на врвот Хаџи Димитар во средишниот дел на Стара Планина, на надморска височина од 1.340 м. Во горното течение често се нарекува со постарото име Етар (Етър). Се влева во дунав недалеку од Свиштов.
Од особено значење се многуте клисури кои реката ги образува во предбалканското подрачје, од кои најголемата е сместена близу Велико Трново и има должина од 7 км, или двапати повеќе ако се сметаат многуте свијоци.
Поважни градови по течението на Јантра се Габрово, Велико Трново, Горна Орјаховица, Полски Трмбеш и Бјала. Недалеку од Бјала, преку реката се протега познатиот Беленски мост.
Наречено во чест на реката Заливот Јантра на островот Ливингстон во состав на Јужните Шетландски Острови на Антарктикот е наречен по оваа река.
Надворешни врски
Реката Јантра и нејзините притоки
Категорија:Реки во Бугарија Категорија:Притоки на Дунав Категорија:Русе (област)