Франсиско Хосе Родригес да Кошта попознат како Коштиња (роден на 1 декември 1974 година во Лисабон) — португалски фудбалски тренер и поранешен играч од средниот ред.
Играчка кариера Клупска кариера Роден е во Лисабон како син на татко Анголец кој емигрирал во португалската престолнина во текот на 1960-тите. Својата фудбалска кариера ја започнал во родниот град играјќи најпрво за младинската екипа на фудбалскиот клуб Ориентал, а подоцна го направил и своето професионално деби и настапувал за првиот тим.
По една сезона во Машико и Насионал, во летото 1999 Коштиња бил купен од Монако. Набргу се изборил за место во почетната постава во новиот клуб и со него го освојува првиот трофеј во кариерата, француската Лига 1 во сезоната 1999-2000. После четири години поминати во Монако, се вратил во Португалија каде потпишал за Порто и веднаш станал многу важен играч во средниот ред кај тренерот Жозе Мурињо. Речиси сите негови успеси во кариерата дошле токму со Порто, освојувајќи две национални првенства (2002-2003, 2003-2004), еден Куп на Португалија (2002-2003), еден Суперкуп на Португлија (2003, 2004), Купот на УЕФА (2002-2003) и Лигата на шампионите (2003-2004). На патот до европскиот престол, Коштиња го постигнал одлучувачки гол во осмина финалето против Манчестер Јунајтед, израмнувајќи го резултатот на 1-1 во последните минути од реваншот на Олд Трафорд, со што му помогнал на Порто да продолжи понатаму по победата од 2-1 во Португалија.Costinha carrying the fight
Во мај 2005, рускиот клуб Динамо Москва го довел Коштиња во својте редови заедно со уште двајца негови соиграчи од Порто Манише и Сеитаридис, а од претходно таму настапувал уште еден поранешен играч на Порто Дерлеи. Меѓутоа, играчот од средниот ред не се пронашол во Русија па веќе следната сезона бил продаден на Атлетико Мадрид.
Откако бил отшуштен од Атлетико Мадрид, Коштиња како слободен играл потпишал договор со италијанската Аталанта во август 2007. На 2 септември 2007, дебитирал во Серија А, играјќи 54 минути во победата на домашен терен над Парма. Поради бројни повреди, тоа се испоставило неговиот единствен натпревар за клубот. Поради тоа што не бил во можност да игра а и високата годишна плата од 700.000 евра, клубот одлучил да го отпушти Коштиња. Откако неуспеале да се договорат околу раскинувањето на договорот, Аталанта пробала да го поништи договорот преку италијанската фудбалска федерација, но исто така без успех.Offresi Costinha disperatamente Atalanta stufa dell' amico di Mou Коштиња го напуштил клубот тек на 23 февруари 2010 со взаемна согласност. Со напуштањето на Аталанта, Коштиња ја завршил својата играчка кариера.
Репрезентативна кариера Коштиња дебитирал за Португалија на 14 октомври 1998 во квалификациски натпревар за Европското првенство 2000 против Словачка. Репрезентацијата изборила пласман на тој турнир, а во натпреварот од групната фаза против Романија, Коштиња постигнал гол во четвртата минута од судиското продолжение за минимална победа од 1-0 и пласман на Португалија во нокаут-фазата.Portugal leave it late to see off Romania
Со репрезентацијата уште играл и на Европското првенство 2004 и Светското првенство 2006. Последниот натпревар во националниот дрес го одиграл на 11 октомври 2006, против Полска.Transfermarkt.de - Costinha Вкупно има 53 настапи за португалската репрезентација и два гола.
Спортски директор По завршувањето на играчката кариера бил именуван за спортски директор на Спортинг Лисабон, заменувајќи го разрешениот Рикардо Са Пинто. На таа позиција бил до 9 февруари 2011 кога бил отпуштен заради дадено интервју на каналот Sport TV каде го критикувал клупското водство.
Истата работа ја вршел и во швајцарскиот Сервет каде бил отпуштен заради лошите резултати.
Тренерска кариера Коштиња бил назначен за тренер на екипата на Беира-Мар на 18 февруари 2013, заменувајќи го Улисеш Мораиш. Тој заминал од клубот на 22 мај по испаѓањето од првата лига.
Исто така ја водел и екипата на Пасош де Фереира, но и таму добил отказ и тоа само четири месеци по назначувањето заради слабите резултатати.
Титули Монако Лига 1 : 1 1999-2000 Суперкуп на Франција : 2 1997, 2000.
Порто Примеира лига : 2 2002-2003, 2003-2004. Куп на Португалија : 1 2002-2003. Суперкуп на Португалија : 2 2003, 2004. Куп на УЕФА : 1 2002-2003 УЕФА Лига на шампиони : 1 2003–2004 Интерконтинентален куп : 1 2004
Наводи
Надворешни врски
Коштиња на transfermarkt Коштиња на soccerway Коштиња на espn
Категорија:Живи луѓе Категорија:Португалски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Монако Категорија:Фудбалери на ФК Порто Категорија:Фудбалери на ФК Динамо Москва Категорија:Фудбалери на ФК Атлетико Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Аталанта Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Португалски фудбалски тренери Категорија:Родени во 1974 година