ФК Спортинг Лисабон или само Спортинг е португалски фудбалски клуб од Лисабон, кој во моментов се натпреварува во Примеира лига, највисокото ниво на португалскиот фудбал.
Клубот е основан во 1906 година и важи за еден од најуспешните клубови во Португалија, заедно со нивните најголеми ривали Бенфика и Порто со кои ја сочинуваат големата фудбалска тројка во земјата. Во клупската историја со освоени 19 национални титули, 17 купови и 9 суперкупови, Спортинг е трет клуб по успешност во Португалија зад Бенфика и Порто. Покрај тоа, клубот има и една титула во европските натпреварувања, освоена во Купот на победниците на куповите во сезоната 1963-1964, кога во финалето го победиле унгарскиот МТК.
Својте домашни натпревари, Спортинг ги игра на стадионот Жозе Алваладе, изграден во 2003 година, кој го заменил стариот стадион со истото име. Традиционалните бои на клубот се зелената и белата, а прекарот на клубот е Leões (Лавови), симбол кој што се наоѓа и на средината од грбот на клубот. Химната на клубот е насловена како "A Marcha do Sporting" (Маршот на Спортинг).
Играчи Моментален состав
Тренери
</div>
Стручни кадри Управен одбор
Претседател и сопственик Фредерико Варандас Заменик претседатели Франсиско Салгадо Педро Жозе Кореја Спортски директор Уго Виана Тим менаџер Бето Маркетинг директор Паулињо Скаутинг директор Раул Жозе
Тренерски штаб Тренер Руи Боржеш Втор тренер Карлош Фернандеш Асистенти Аделио Кандидо Емануел Феро Тренери на голманите Жорже Витал Тијаго Фереира Фитнес тренер Гонсало Алваро Координатор на младинските екипи Жоао Пауло Кошта Општ лекар Жоао Педро Араужо Физиотерапевти Пауло Бареира Уго Фонтес Рубен Фереира
Трофеи Домашни натпреварувања Примеира лига: 21 1940-1941, 1943-1944, 1946-1947, 1947-1948, 1948-1949, 1950-1951, 1951-1952, 1952-1953, 1953-1954, 1957-1958, 1961-1962, 1965-1966, 1969-1970, 1973-1974, 1979-1980, 1981-1982, 1999-2000, 2001-2002, 2020-2021, 2023-2024, 2024-2025.
10px Куп на Португалија: 18 1940-1941, 1944-1945, 1945-1946, 1947-1948, 1953-1954, 1962-1963, 1970-1971, 1972-1973, 1973-1974, 1977-1978, 1981-1982, 1994-1995, 2001-2002, 2006-2007, 2007-2008, 2014-2015, 2018-2019, 2024-2025.
Лига куп на Португалија: 4 2017-2018, 2018-2019, 2020-2021, 2021-2022.
Суперкуп на Португалија: 9 1982, 1987, 1995, 2000, 2002, 2007, 2008, 2015, 2021.
Меѓународни натпреварувања Куп на победниците на куповите: 1 1963-1964
Куп на УЕФА Финалист : 2004-2005
мини|десно|250п|Стадион Жозе Алваладе
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место
Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон