Нуно Мигел Соареш Переира Рибеиро познат како Нуно Гомеш, (роден на 5 јули 1976, во Амаранте), е поранешен португалски фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач. Тој во моментов работи како асистент во меѓународниот сектор во екипата на Бенфика.
Неговиот прекар Гомеш го добил во младоста, по португалскиот напаѓач, Фернандо Гомеш.
Кариера Клупска кариера Нуно Гомеш го направил своето професионално деби со Боавишта во сезоната 1994-95. Во сезоната 1996-97, тој постигнал 15 гола во лигата: а благодарение на голот во финалето на Купот на Португалија при победата над Бенфика, заработил трансфер во Бенфика, најтрофејниот португалски клуб. После 101 натпревар и 60 гола со орлите од Лисабон, но и неговите настапи за репрезентацијата на Евро 2000 драстично се зголемила неговата вредност на трансфер-пазарот.
Во летото 2000 година Нуно Гомеш го завршил својот трансфер во италијанската Фјорентина, кои платиле 17 милиони евра за тогаш дваесет и четири годишниот напаѓач. Веќе во првата сезона со виола го освоил италијанскиот куп и загубил во Суперкупот на Италија освоен од Рома, пред клубот да банкротира, принудувајќи го Нуно Гомеш, стрелецот на 20 гола за двете последни сезони (14 во лигата), да се врати во Португалија.
Во јануари 2002 година, заедно со Марко Роси, го раскинал договорот со Фјорентина, поради неплаќање на бонус премија од натпревар во вредност од 25.000 €. Гестот, со кој само формално го известил клубот, бил сметан за кршење на пактот за почит од страна на неговите соиграчи како и предавство кон навивачите на Фјорентина. Така, во текот на летото на 2002 година, тој се вратил во Бенфика, каде потоа станал капитен. Го зел дресот со број 21., кој го носел и во Фјорентина.
Серија од досадни повреди го ограничиле Гомеш да одигра помалку од 70 натпревари од 2002 до 2005 година,Early finish for Nuno Gomes; UEFA.com, 15 May 2003Nuno Gomes enjoys happy return; UEFA.com, 5 November 2003 но и покрај тоа тој и помогнал на Бенфика да го освои домашниот куп во сезоната 2003-04 и лигата следната сезона - во вториот случај, придонел со седум гола во 23 настапи. Во сезоната 2005-06 уживал во неговата најдобра сезона по враќањето во Португалија, постигнувајќи 15 првенствени гола, вклучувајќи ги и двата во гостинската победа против Порто (0-2)Nuno Gomes inspires Benfica ; UEFA.com, 15 October 2005 како и хет-трикот против Леирија, заземајќи го второто место на списокот на стрелците и освојувајќи го Суперкупот на Португалија, каде тој го постигнал единствениот гол на натпреварот против Виторија Сетубал.Benfica earn Super Cup success ; UEFA.com, 13 August 2005
На 15 јуни 2011 објавил дека нема намера да го обнови договорот кој му истекувал, со што по 12 години ја напуштил Бенфика. На 1 јули, како слободен играч потпишал едно-годишен договор со екипата на Брага. На 3 јули 2012, потпишал двегодишен договор со англискиот второлигаш Блекбурн Роверс. На 28 јуни 2013 го раскинал договорот со Роверс. На 2 април 2014 ја завршил својата играчка кариера и истиот ден влегол во раководството на Бенфика, во улога на асистент на меѓународниот сектор.
Репрезентативна кариера Тој има 79 настапи и 29 гола за репрезентацијата, и е петти по бројот на постигнати голови за португалската репрезентација зад Кристијано Роналдо (99), Паулета (47 гола), Еузебио (41) и Луис Фиго (32). Сите играчи кои го претходат (освен Кристијано Роналдо) ја имаат завршено репрезентативната кариера.
На Европското првенство 2000 постигнал четири гола, помагајќи и на Португалија да стигне до полуфиналето. Исто така тој бил трет стрелец на турнирот зад Патрик Клајвeрт и Саво Милошевиќ, кој постигнале по 5.
На Европското првенство 2008, тој бил капитен на репрезентацијата, постигнувајќи еден гол за моментални 1-2 против Германија, со што успеал да постигне гол на три европски првенства.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Статистиката е ажурирана на 13 април 2020. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 1994-1995 Боавишта ПД 17 1 КП 2 0 КУ 4 1 - - - 21 2 1995-1996 ПД 28 7 КП 2 1 - - - - - - 30 8 1996-1997 ПД 34 15 КП 5 4 КУ 6 2 - - - 45 21Вкупно Боавишта 79 23 9 5 10 3 - - 98 31 1997-1998 ПД 33 18 КП 6 4 КУ 1 0 - - - 40 22 1998-1999 ПД 34 24 КП 2 3 ЛШ 72 настапи во квалификациските кола. 72 гола во квалификациските кола. - - - 43 34 1999-2000 ПЛ 34 18 КП 2 1 КУ 5 1 - - - 41 20 2000-2001 А 30 9 КИ 3 4 КУ 0 0 - - - 33 13 2001-2002 A 23 5 КИ 1 0 КУ 6 2 СИ 1 0 31 7Вкупно Фјорентина 53 14 4 4 6 2 1 0 65 20 2002-2003 ПЛ 27 9 КП 1 0 - - - - - - 28 9 2003-2004 ПЛ 21 7 КП 3 0 ЛШ+КУ 0+5 5 - - - 29 12 2004-2005 ПЛ 23 7 КП 5 2 КУ 6 3 - - - 34 12 2005-2006 ПЛ 29 15 КП 4 1 ЛШ 8 0 СП 1 1 43 18 2006-2007 ПЛ 23 7 КП 5 2 ЛШ+КУ 8+6 3+1 - - - 41 13 2007-2008 ПЛ 23 7 КП+ЛКП 5+0 2 ЛШ+КУ 7+1 1+0 - - - 36 9 2008-2009 ПЛ 24 7 КП+ЛКП 1+2 0+1 КУ 6 1 - - - 34 9 2009-2010 ПЛ 13 3 КП+ЛКП 2+2 0 ЛЕ 61 настап во квалификациските кола. 1Во квалификациските кола. - - - 23 4 2010-2011 ПЛ 6 4 КП+ЛКП 1+1 0+1 ЛШ+ЛЕ 0 0 СП 0 0 8 5Вкупно Бенфика 290 126 42 17 68 23 1 1 401 167 2011-2012 Брага ПЛ 20 5 КП+ЛКП 2+2 0 ЛЕ 5 1 - - - 29 6 2012-2013 ЧЛ 18 4 ФАКуп+ЛК 2+0 0 - - - - - - 20 4Вкупно кариера 460 172 61 26 89 29 2 1 612 228
Титули Боавишта Куп на Португалија : 1 1996-1997.
Бенфика Примеира лига : 2 2004-2005, 2009-2010. Куп на Португалија : 1 2003-2004. Суперкуп на Португалија : 1 2005. Лига куп на Португалија : 2 2008-2009, 2009-2010.
Фјорентина Куп на Италија : 1 2000-2001.
Почести 60px Орден Инфанта на Дон Енрике — 2004
Наводи
Надворешни врски
Нуно Гомеш на transfermarkt Нуно Гомеш на soccerway Нуно Гомеш на espn Нуно Гомеш на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Португалски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Боавишта Категорија:Фудбалери на ФК Бенфика Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Фудбалери на ФК Брага Категорија:Фудбалери на ФК Блекбурн Роверс Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2006 Категорија:Родени во 1976 година