Садио Мане (роден на 10 април 1992, во Бамбали, Седиу) — сенегалски фудбалер, крило на Ал-Наср и на сенегалската репрезентација.
Мане ја започнал својата фудбалска кариера во францускиот клуб Мец на 19-годишна возраст, но по само една сезона го напуштил клубот за да му се приклучи на австриски Ред Бул Салцбург во 2012 година за сума од 4 милиони евра, каде што ги освоил првенството и купот во сезоната 2013–2014. Во летото 2014, Мане преминал во редовите на англискиот клуб Саутхемптон за клупски рекорд од 11,8 милиони фунти. Таму, тој поставил нов рекорд во Премиер лигата за најбрзиот хет-трик, постигнат за 176 секунди во победата од 6–1 над Астон Вила во 2015 година.
Во 2016 година, Мане потпишал за Ливерпул, во трансфер вреден 34 милиони фунти каде што работејќи со менаџерот Јирген Клоп неговата кариера ќе биде во постојан успон. Тој му помогнал на Ливерпул да стигне до финалето на УЕФА Лигата на шампионите во 2018 и 2019 година, победувајќи во второто со што клубот станал европски шампион. Потоа, тој исто така помогнал клубот од Анфилд да стави крај на сушата од 30 години без освоена првенствена титула, со освојувањето на Премиер лигата 2019-2020, за која Мане имал придонес со 18 погодоци.
За својата земја, репрезентацијата на Сенегал, Мане досега има 87 настапи и 29 гола, со што моментално е рангиран како најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата (изедначен со Анри Камара) и се наоѓа на третото место по бројот на настапи. Тој го претставувал Сенегал на Олимписките игри 2012 и на Светското првенство 2018, во само второто учество на сенегалците на најзначајниот репрезентативен настан. Исто така, тој настапил на четири турнири на Африканскиот куп на нации во 2015, 2017, 2019 и 2021 година, играјќи двапати во финалето во 2019 и 2021 година, со различни резултати, пораз во 2019 и освојување на титулата во 2021 на пенали против . Покрај освојувањето на титулата, Мане бил избран и за најдобар играч на турнирот.
Мане досега четири пати бил избран во КАФ Тимот на годината (2015, 2016, 2018, 2019) и ПФА Тимот на годината (2016-2017, 2018-2019, 2019-2020). Во сезоната 2018-2019, тој бил најдобар стрелец во Премиер лигата со 22 гола, изендачен со Мохамед Салах и Пјер-Емерик Обамејанг, по што сите тројца ја поделиле наградата Златна копачка на Премиер лигата. Во 2019 година, тој завршил на четвртото место во изборот за Златната топка за таа година, потоа ја добил наградата за Onze d'Or - за најдобар фудбалер на годината во Европа - во изборот на француското списание Onze Mondial, бил избран во тимот на годината според Европските спортски медиуми и бил вклучен во Тимот на годината на УЕФА. Конечно, тој ја добил наградата за Африкански фудбалер на годината за 2019 година.
Клупска кариера Мец Мане го направил своето професионално деби за Мец на 14 јануари 2012 година, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Кевин Дијаз во 75-тата минута при поразот на домашен терен од Бастија во Лига 2 со 0-1. Тој направил 19 настапи во неговата прва сезона, од кој 12 како стартер, и постигнал еден гол во поразот со 2-5 од Генган на Стад Сен Симфориен на 4 мај. По завршувањето на сезоната Мец испаднале во третата лига.
Ред Бул Салцбург thumb|left|155px|Мане играјќи за Ред Бул Салцбург во 2012. На 31 август 2012 година, Мане се преселил во Австриската Бундеслига откако бил купен од страна на Ред Бул Салцбург за трета најголема трансфер сума која Мец некогаш ја регистрирале. Се верува дека трансферот бил вреден 4.000.000 €. Во својата прва сезона во клубот го носел дресот со бројот 40.
thumb|right|Мане во јули 2013 во пријателски натпревар против неговиот поранешен клуб, Мец. Своето деби за Салцбург го направил во 8-мото коло од првенството, влегувајќи во игра како замена на местото на Џонатан Соријано во 66-тата минута од натпреварот против Риед на домашен терен што завршил 1-1. Две недели подоцна ги постигнал својте први два гола за клубот во победата на домашен терен над Штурм со 3-2.Salzburg 3-2 Sturm Тој го постигнал својот прв хет-трик во кариерата на 31 октомври, во победата нагости кај Калсдорф со 3-1 во третиот круг на австрискиот куп.
Следната сезона играл во двата квалификациски натпревари за Лигата на шампионите против Фенербахче во кои неговиот клуб бил елиминиран (вкупен резултат 2-4), како и во натпреварите од Лига Европа каде во 11 настапи постигнал 5 гола. На 27 октомври 2013 година, тој го постигнал својот прв хет-трик во Австриската Бундеслига, за време на победата на гостувањето против Гредиг со 3-0. Тој постигнал уште една хет-трик на 7 мај 2014 година, кога Салцбург го прегазил второлигашот Хорн со 7-0 во полуфиналето на купот; сезоната ја завршил со освојување на двојната круна со тимот.
Саутхемптон На 1 септември 2014 година, Мане направил трансфер во Саутхемптон, за сума од 11.800.000 фунти, потпишувајќи четиригодишен договор со англискиот премиерлигаш. Своето деби за клубот го направил на 23 септември во победата над Арсенал со 2-1 во Лига купот, заработувајќи пенал за првиот гол на Саутхемптон. Тој го направил својот прв настап во Премиер лигата во уште една победа со 2-1, овојпат над Квинс Парк Ренџерс четири дена подоцна, почнувајќи го натпреварот од почеток и бил асистент за првиот гол во натпреварот.
Тој го постигнал својот прв гол за новиот клуб во победата со 8-0 над Сандерленд на 18 октомври 2014 година, но подоцна голот му бил одземен и запишан како автогол на Патрик ван Анхолт. Сепак, тој не чекал уште многу за да го реализира својот нареден гол, откако истиот дошол веќе во следниот натпревар, победата со 1-0 над Стоук Сити само една недела подоцна. Во периодот декември/јануари Мане успеал да постигне гол во три последователни натпревари, против Кристал Палас (1-3), Челси (1-1) и Арсенал (2-0). На 22 февруари 2015 година, Мане бил изоставен од почетната постава на Саутхемптон во поразот на домашен терен од Ливерпул со 0-2, како казна заради тоа што дошол доцна на стадионот. На 16 мај, за време на последниот домашен натпревар на Саутхемптон за сезоната, Мане постигнал три гола во период од 2 минути и 56 секунди во победата со 6–1 над Астон Вила за да постави нов рекорд во Премиер лигата за најбрз хет-трик. Претходниот рекорд од 1994 година, го држел Роби Фаулер, кој постигнал три гола против Арсенал за 4 минути и 33 секунди. Мане ја завршил сезоната со 10 гола во 32 настапи во сите натпреварувања.
Мане ја започнал сезоната 2015–2016, со две асистенции во првиот натпревар од третото квалификациско коло за УЕФА Лига Европа на домашен терен против холандскиот клуб Витесе; тој исто така, постигнал и гол во реваншот, помагајќи му на Саутхемптон лесно да мине во следната рунда со вкупни 5–0. На 2 декември, на Мане му биле потребни само 39 секунди за да го отвори резултатот против Ливерпул во четвртфиналето на Лига купот, но „Светците“ на крајот загубиле со убедливи 6-1. На 2 јануари 2016 година, тој повторно бил исфрлен од стартната постава од менаџерот Роналд Куман за натпреварот против Норич Сити откако се појавил доцна на состанокот пред натпреварот. На 12 март во завршницата од натпреварот против Стоук Сити тој добил директен црвен картон поради судир со Ерик Питерс, кој брзо потоа бил поништен по поднесување на жалбата. Откако не успеал да постигне гол во првенствен натпревар повеќе од четири месеци, Мане постигна два во победата со 3–2 над Ливерпул на 20 март 2016 година по што уследила серија од пет гола во следните пет натпревари, вклучувајќи го и хет-трикот во победата со 4–2 против Манчестер Сити на 1 мај.
Сезоната 2015-2016, Мане ја завршил како најдобар стрелец на Саутхемптон со 15 голови во сите натпреварувања. Вкупно во дресот на Саутхемптон одиграл 75 натпревари и постигнал 25 голови.
Ливерпул
На 28 јуни 2016 година, Мане се приклучил на Ливерпул во трансфер вреден 34 милиони фунти, потпишувајќи петгодишен договор. Овој трансфер го направил најскапиот африкански фудбалер во историјата. На 14 август, го направил своето деби во Премиер лигата за црвените, постигнувајќи го притоа четвртиот гол во победата над Арсенал со резултат од 4-3. Откако го пропуштил натпреварот против Барнли поради повреда на рамото, Мане се вратил на терен против Бартон Албион во натпреварот од во Лига купот каде имал две асистенции во победата од 5-0. На 19 декември, тој го постигнал единствениот гол во 227-мото Мерсисајд дерби против градскиот ривал Евертон на Гудусон Парк. На 11 февруари 2017 година, Мане постигнал два гола во период од две минути против Тотенхем на Анфилд, за да му ја донесе првата победа на Ливерпул во 2017 година. На 20 април 2017 година, Мане бил избран во ПФА тимот на годината за сезоната 2016–2017 година, откако постигнал 13 првенствени голови во неговата прва сезона во Ливерпул. И покрај тоа што недостасувал во поголемиот втор дел од сезоната поради повреда, на Мане му била доделена наградата за Играч на сезоната на Ливерпул на 9 мај 2017 година.
Во првиот натпревар од новата сезона, на 12 август 2017 година, на гостувањето кај Вотфорд што завршило 3-3, Мане го постигнал првиот гол за Ливерпул во новата сезоната. Тој бил прогласен за Играч на месецот во Премиер лигата, откако постигнал гол на секој од трите натпревари на црвените во август 2017. На 9 септември 2017 година, тој добил директен црвен картон уште во првото полувреме од поразот со 5–0 од Манчестер Сити поради високо подигната нога против голманот Едерсон, што резултирала со суспензија од три натпревари. Мане, заедно со новото засилување Мохамед Салах и бразилците Роберто Фирмино и Филипе Коутињо ја сочинувале плодната напаѓачка четворка на Ливерпул наречена Fab Four или подоцна Fab Three по заминувањето на Коутињо во средината на сезоната. На 14 февруари 2018 година, Мане го постигнал својот прв хет-трик во Лигата на шампионите за Ливерпул во победата со 5–0 на гости против Порто во првиот натпревар од осминафиналето. Притоа, тој станал само вториот играч кој постигнал хет-трик на гостински терен за клубот во натпревар од некое европско натпреварување. Со голот во победата од 3–0 над Борнмут на 14 април, тој го надминал рекордот на Демба Ба од 43 гола и станал сенегалецот со најголем број на постигнати голови во историјата на Премиер лигата.
На 26 мај, за време на финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, Мане го постигнал израмнувачкиот гол за Ливерпул во поразот од 3–1. Така, тој станал првиот играч од Сенегал кој постигнал гол во финалето на натпреварувањето. Тој гол, исто така, бил неговиот 10-ти за сезоната во натпреварувањето од Лигата на шампионите со што Ливерпул станал првиот тим во историјата кој имал тројца играчи кои постигнале 10+ голови во една сезона во Лигата на шампионите, откако пред Мане таа бројка ја достигнале и неговите соиграчи од нападот Салах и Фирмино.