Лист на Зилт (, порано само Лист) — најсеверна општина во Германија, сместена на островот Зилт во Северното Море, близу Данска во рамките на округот Северна Фризија, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн. Местото е најсеверната точка во земјата.

Историја

Лист првично бил данска населба, составена од две фарми. Лист бил дел од кралските енклави, кои биле мали области на Кралството Данска сместени во рамките на Војводството Шлезвиг, кое исто така било управувано од данскиот крал. По данско-германската војна во 1864 година, Лист станал дел од Прусија. Референдумот во 1920 година ја повлекол границата северно од Лист, додека следниот остров (Реме) бил вратен на Данска. По Првата светска војна, Лист станал поморска воздухопловна база. Многу градби биле изградени во текот на нацистичкиот период. Од 1950-тите години, економијата на Лист главно се потпира на туризмот.

Географија

Лист е опкружен од дини и низини и како и остатокот на островот, поседува одлични плажи.

Сообраќај

Постои ферибот од Лист до данскиот остров Реме. Еден единствен пат води на југ до главниот град на островот Вестерланд.

Наводи

Надворешни врски

Општината на Крај Зилт

Категорија:Зилт Категорија:Северна Фризија (округ) Категорија:Општини во Шлезвиг-Холштајн Категорија:Германско-дански гранични премини