„Дуплекс“ (англиски: Duplex) е американско-германски филм од 2003 година, во режија на Дени де Вито. Главните улоги ги толкуваат: Бен Стилер, Дру Баримор и Ејлин Есел.

Содржина Алекс (го игра Стилер) и Ненси (ја игра Баримор) се млад брачен пар од Њујорк во потрага по својот дом од соништата. Најпосле, тие успеваат да пронајдат совршен дом во Бруклин. Станот ги има сите работи што тие ги посакувале (дури и два камина), меѓутоа на горниот кат над нив живее г-ѓа Конели (ја игра Есел), која има доживотен договор за изнајмување. Сепак, тие го купуваат станот, претпоставувајќи дека таа е стара и болна, така што нема долго да живее. Но, набргу, тие увидуваат дека таа е витална старица, која ужива по цел ден да гледа телевизија, а исто така, таа е член на дувачки оркестар, кој одржува проби во станот. Така, нивниот живот се претвора во измачување.„Дуплекс“, Антена, број 876, 10.4.2015, стр. 17. „Дуплекс“, Антена, број 878, 24.4.2015, стр. 25.

Наводи

Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови со Бен Стилер Категорија:Филмови на Дени де Вито Категорија: Филмови со Дру Баримор Категорија:Филмови од 2003 година Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Њујорк