Коберн Таун () — главен град на островската територија Туркс и Кајкос во Карибите.

Географја Градот се наоѓа на островот Гранд Турк — најголемиот остров во архипелагот Туркс. Улиците Дјук и Фронт Стрит во центарот имаат стари градби својствени за бермудската архитектура од XVIII и XIX век. Има долги тесни улици и стари улични светилки.

Најблиското сидриште е Хокс Нест. Иако е добро засолнето, во него се влегува на дневна светлина поради гребените близу влезниот дел.

Историја Коберн Таун е административен центар на територијата уште од 1766 г. и воедно прво трајно населено место во целата група на Туркс и Кајкос, основано во 1681 г. од соларски работници. Мештаните веруваат дека градот е изграден на местото кајшто првпат се истоварил шпанскиот конквистадор Хуан Понсе де Леон.

Знаменитости

Национален музеј мини|десно|Националниот музеј на Туркс и Кајкос

Во градот се наоѓа Националниот музеј на Туркс и Кајкос, сместен на Фронт Стрит во поранешен дом стар 180 години. Објектот во голема мера е изграден од материјали земени од бродоломи, вклучувајќи бродски јарбол, кој има улога на главна потпора на куќата. Објектот (наречен „Гвинеп Хаус“) му е подарен на музејот во 1990 г."Guinep House". Turks & Caicos National Museum

Во музејот се изложени разни експонати од историјата на територијата, како што се предметите на домородните Лукајци, експонати од вселенската трка, месни поштенски марки, ропството и историјата на прекуатлантската трговија со робови, производството на сисал и сол, кралски настани и општата историја на островите. Музејот има и градина.

Од особен интерес се изложените останки од бродоломи, вклучувајќи ги останките најтариот европски бродолом во Америка, кој се случил во 1505 г."Molasses Reef Shipwreck". Turks & Caicos National Museum

Установата води разни проекти, меѓу кои и проектот „Порака во шише“ со кој се документираат шишиња со писма наскунани на островот Гранд Турк во последните 40 години ."Message in a Bottle". Turks & Caicos National Museum

Поврзано Гранд Турк

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Населени места во Туркс и Кајкос Категорија:Главни градови во Средна Америка Категорија:Главни градови во Карибите Категорија:Британски главни градови Категорија:Населени места основани во 1681 година