Ерменски муфлон (, ), исто така познат како ерменска овца, ерменска дива овца, ерменска црвена овца, or закавкаска овца English translation of the Russian-language Mlekopitaiushchie Sovetskogo Soiuza (1961) by the Smithsonian Institution's Translation Publishing Program. (Ovis orientalis gmelini) е загрозен вид на муфлони ендемски во Иран, Ерменија и Нахчиван (Азербејџан).

Номенклатура

Ерменскиот муфлон првпат бил опишан во 1840 од Едвард Блит, кој го изедначил со "Orientalische Schaaf" (Ориентални овци) опишани од Самуел Готлиб Гмелин во 1774. Transcription of Blyth's presentation to a session of the Zoological Society of London chaired by Professor Owen.

Застапеност O. o. gmelini се среќаваат во северозападен Иран. Ерменските муфлони биле пренесени на островот Кабудан кај езерото Урмија во 1895 и 1906 од страна на еден од првите гувернери на Ирански Азербејџан. Според научно истражување спроведено во 1970-тите на островот се докажало дека нивниот број се намалил од околу 3,500 во 1970 на 1,000 во 1973. Во 2004, 1,658 ерменски диви овци биле избројани во Ангуранската заштитена област во иранската покраина Занџан.

O. o. gmelini се среќаваат во покраината Сјуник во јужна Ерменија (и во помал број во провинциите Арарат и Вајоц Ѕор). Според истражување во 2009 имало „едвај 200“ муфлони во Ерменија.

Се проценува дека има од 250 до 300 муфлони во република Нахчиван на Азербејџан.

Животна средина Иранската црвена овца најчесто живее на отворен груб терен на средна или голема височина, каде најчесто ги населуваат карпестите ридови, ниските и планиски степи, карпестите полупустини и падините покриени со трева и алпските пасишта.

Летата ги поминуваат на најголема надморска височина, речиси до 6000 метри, точно под постојаниот снег. Во зима се спуштаат на пониски места, а често доаѓаат и во долините.

Живеат во мали или поголеми стада и во лето постарите мажјаци живеат сами или во одделни групи. Живеат и до 18 години.

Мерки за заштита O. o. gmelini се во категорија I на Црвениот список на МСЗП. Во Ерменија, нивно ловење е забрането од 1936. Започат е програм за одгледување во Зоолошкиот институт на Ерменија со цел да се прошири Косровскиот природен резерват, да се претвори Орбубадското светилижте во државна резерва, да се контролира добитокот и да се намали ловокрадството. Од 2011, глобата за лов на ерменскиот муфлон во Ерменија е 3 милиони драми (речиси 8.000 долари).

Во Иран, ловењето на O. o. gmelini е дозволено само со дозвола, надвор од заштитените области, помеѓу септември и февруари. Внатре во заштитените области, пасење на домашните животни е строго контролирано.

Библиографија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Овци