АФК Хал Сити — англиски фудбалски клуб со седиште во Кингстон на Хал, грофовијата Источен Јоркшир. Моментално се натпреварува во Премиер лигата, највисокиот ранг на англискиот фудбал.
Клубот е основан во 1904 година, а една година подоцна се приклучил на Фудбалската лига на Англија. Најголемиот дел од своето постоење клубот го поминал натпреварувајќи се во вториот и третиот ранг на англискиот фудбал. Во својата историја, Хал Сити одиграл само шест сезони во највисоката фудбалска дивизија на англискиот фудбал и сите во ерата на Премиер лигата: првпат во сезоната 2008-2009, потоа 2009-2010, 2013-2014, 2014-2015, 2016-2017 и актуелната 2026-2027, по неодамнешната промоција од Чемпионшип.
Од 2002 година, клубот својте домашни натпревари ги игра на стадионот МКМ, по преселбата од Бутфери Парк. Традиционалните домашни бои на клубот се црна и килибарна, честопати претставени наизменично на дресот со пругасти контури, па оттука и нивниот прекар „Тигрите“. Најголем соперник на клубот му е Лидс Јунајтед, но клубот исто така има соперништво и со Шефилд Јунајтед како и таканаречените Хамбер дербија во кои игра против Гримсби Таун и Сканторп Јунајтед.
Играчи Моментален состав
Статистика Учества во првенства До сезоната 2026-2027, Хал Сити ги има остварено следниве учества во англиските национални првенства:
Ниво Категорија Учества Деби Последна сезона Вкупно 1º Премиер лига на Англија 6 2008-2009 2026-20276 2º Втора дивизија 50 1905-1906 1990-1991 65 Чемпионшип 15 2005-2006 2025-2026 3º Трета дивизија 24 1973-1974 1991-1992 28 Втора дивизија 4 1992-1993 1996-1996 Лига Еден 2 2004-2005 2020-2021 4º Четврта дивизија 2 1981-1982 1982-1983 10 Трета дивизија 8 1996-1997 2003-2004
Наводи
Надворешни врски
Официјална страна Хал Сити на soccerway Хал Сити на transfermarkt Хал Сити на официјалната страна на УЕФА
Хал Сити