мини|десно|Мажјак во профил

Каролинка, каролинска патка или шумска патка () — патка од от шумски патки (Aix) од Северна Америка. Важи за една од пошарените барски птици на континентот. Може да се види во Зоолошката градина во Скопје.

Опис

Каролинката е средна патка по големина. Типичниот возрасен мажјак е долг 47-54 см, со распоин на крилјата од 66-73 см. Ова е околу три четвртини од должината на дивата патка (Anas platyrhynchos). Припаѓа на истиот род како азиската патка мандаринка (Aix galericulata).

Возрасниот мажјак има карактеристично светкаво повеќебојно перје и црвени очи, со изразена бела црта по вратот. Женката е помалку шарена, има бел прстен околу окото и белузлав врат. Двата пола имаат пувки на главата.

Мажјакот се огласува со извишувачки свиреж џииииии, додека пак женката оддава има извишувачки писок, ду уип, ду уип, а кога е во тревога извикува гласно кр-р-ек, кр-р-ек.

Поведение Каролинките се размножуваат во шумовити мочуришта, плитки езера, блата или езерца и потоци во источниот дел на Северна Америка, западното крајбрежје на САД и западно Мексико. Обично се гнездат во шулини на трупови блиску до вода, но и во птичарници во барски резервати, ако ги има. Женките ги обложуваат гнездата со пердуви и други меки материјали, а висината овозможува извесна заштита од грабливци. За разлика од највеќето други патки, каролинката има остри канџи со кои се сместува на дрва. Во јужните предели несе по две легла во една сезона — единствена меѓу сите патки во Америка.

Женките несат по 7 до 15 светлокафеави јајва и ги квачи околу 30 дена. Меѓутоа, ако гнездилата им се преблиску, женките знаат да несат јајца во гнездата на соседните патки. Ваквите пренатрупани гнезда можат да имаат по 30 јајца и да не се испилат успешно.

Откако ќе се испилат, пајчињата скокаат од дупката и се упатуваат кон водата. Мајката ги повикува, но воопшто не им помага. Претпочитаат да се гнездат над вода, со цел да им се омекне падот на младите, но знаат да се гнездат до 140 м од брегот. Следниот ден по испилувањето, младите се прекачуваат и скокаат на земја. Со тоа пајчињата веќе можат да пливаат и да се хранат сами.

Овие птици се хранат прпелкајќи се во водата или одејќи на земја. Јадат претежно бобинки, желади и семиња, но се хранат и со инсекти, што значи дека се сештојади.

Распространетост Каролинката живее преку целата година во делови од јужниот ареал, додепа пак оние на север се презимуваат на југ, по алтантското крајбрежје во јужните САД. Околу 75% од каролинките во тихоокеанската летна патека се непреселни. Постоајт и помали населенија во Велика Британија и Ирска, претежно развиени од единките во сопственост на одгледувачи.

Заштита Каролинката била во голема опасност од исчезнување кон крајот на XIX век поради огромната загуба на живеалиштата и масовното ловење заради месото и украсните пердуви кои оделе на европскиот пазар. Со повелбата за заштита н аптиците во 1916 и донесувањето на соодветниот закон во 1918 г., бројот на единки почнал полека да се зголемува. Поголем чекор во оваа насока бил и воведувањето на птичарниците за гнездење во 1930-тите.

Свој придонес за опоравувањето на видот имал и повратокот на канадскиот дабар во ареалот на каролинката, кој гради брани каде патките живеат.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Друштво на каролинката

Категорија:Шумски патки Категорија:Патки Категорија:Птици на Северна Америка Категорија:Птици на Македонија Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј