Симонида Немањиќ (; ок. 1294 – после 1336), родена Симонида Палеологина () била византиска принцеза, а подоцна и четврта жена на српскиот крал Стефан Милутин. Таа била ќерка на византискиот цар Андроник II Палеолог и Ирина Монфератска.

Оставина Во српската култура кралицата Симонида е позната по нејзината убавина. Во нејзина чест е напишана песната „Симонида (фреска во Грачаница)“ (српски: Симонида (фреска у Грачаници)) на српскиот поет Милан Ракиќ.Милан Ракић, Песме. Рад, Београд, 1963, стр. 120.

Астероидот 1675 Симонида, кој бил откриен од страна на српскиот астроном Милорад Б. Протиќ бил наречен според кралицата Симонида.

Категорија:Родени во 1294 година Категорија:Починати во 1340-тите Категорија:Починати во непозната година Категорија:Византиски принцези