Слово љубве - букви букс е центар за издаваштво, промоција и претставување на автори и дела. Формирана е 2009 година, со седиште во Скопје. Издавачкиот центар од 2010 година објавува списание за книжевност и култура на српски јазик.http://daily.mk/vesti/izleze-prvoto-srpsko-spisanie-slovo-ljubve
Работен тим Седиштето се наоѓа на ул. Гемиџиска 16, Скопје. Работниот тим го сочинуваат: уредник: Гордана Јовиќ Стојковска уредник: Олгица Станковска главен и одговорен уредник на списанието: Фросина Стојковска
Издавачка дејност
Издавачката дејност на Слово љубве - букви букс е поделена на неколку едиции меѓу кои се издвојуваат: едицијата Моја (едиција на прва авторска книга); Везилка (едиција на речници); Преводи и Романи.
Издавачки центар Слово љубве -букви букс соработува со други издавачи од регионот, посебно на превод и афирмација на современата македонска и српска книжевност. Во соработка со НВО Буквибукс реализира обуки, работилници и други јавни настани со цел на поширока афирмација на книжевно стваралаштво.
Вештица, превод на српски јазик во соработка со Заджбина Петар Кочиќ Бања лука - Белград, Драги Михајловски, 2010 Бајазит и Оливера, превод на српски јазик во соработка со Заджбина Петар Кочиќ Бања лука - Белград, Венко Андоновски, 2010 Тивкиот чекач, роман, Драган Стојановски, 2011 Писма, поезија, Сања Р. Петровиќ, 2011 Од друга страна - раскази, Фросина Стојковска, 2011 Пишанки или раскази на вересија, раскази, Олгица Станковска, 2011 Ѕидање на сонцето - роман, Гордана Јовиќ - Стојковска, 2011 Потекло на зборот - антологија на аргентинскиот расказ, Фросина Стојковска, 2012 Астрологија, за сончевата година, Снежана Штрковска, 2013 Српско македонски речник, Гордана Јовиќ - Стојковска, Фросина Стојковска, Олгица Станковска, 2014 Мува, Олег Ајранов, 2015 Хрониките на пустинското семе, Марија Јовчевска, 2015 Зидање сунца превод на српски јазик, Гордана Јовиќ - Стојковска, 2015
Наводи
Надворешни врски Официјална страница Од промоцијата на списанието
Категорија:Македонски издавачки куќи