Рејчел се мажи (англиски: Rachel Getting Married) е американски филм од 2008 година, во режија на Џонатан Дем. Главните улоги ги играат: Ен Хатавеј и Розмари Девит.

Содржина Ким (ја игра Хатавеј) поминала девет месеци на рехабилитација од зависност од дрога. Нејзината сестра Рејчел (ја игра Девит) треба да се мажи и Ким заминува во домот на нејзиното семејство каде треба да се одржи свадбата. Набрзо, таму сите започнуваат да ја набљудуваат или озборуваат, знаејќи за нејзината состојба. Исто така, Рејчел и татко ѝ постојано се грижат за неа, но не знаат дека со тоа само вршат притисок врз неа.„Рејчел се мажи“, Антена, број 881, 15.5.2015, стр. 21. „Рејчел се мажи“, Антена, број 882, 22.5.2015, стр. 26.

Наводи

Категорија: Американски филмови Категорија: Филмови на англиски јазик Категорија: Филмови на Џонатан Дем Категорија: Филмови со Ен Хатавеј Категорија:Филмови од 2008 година