Гликсбург (; ; ) — мал град во округот Шлезвиг-Фленсбург, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Градот се наоѓа на полуостровот Ангелн, на самиот Фленсбуршки Фјорд, во близина на градот Фленсбург. Претставува најсеверен град на Германија.

Географија

мини|лево|Воздушна слика на градот Гликсбург (Балтичко Море) на Фленсбуршкиот Фјорд со водениот замок (сликано во 2012 г.)

Се наоѓа на јужната страна на Фленсбуршкиот Фјорд, теснец во Балтичкото Море, околу 10 километри североисточно од Фленсбург.

Гликсбург е дом на основа на Германската морнарица.

Градски единици

Гликсбург се состои од градот Гликсбург со неговите градски делови Зандвиг, како и Бремсберг и Улштрупфелд. Со цел проширување на градот, местото Ридехек влегло во рамките на градот. Покрај овие, постојат и селата Мајервик, Шаузенде, Холнис, Бокхолм и Искирзанд.LG Flensburg: "sandwig.de" , 8 јануари 2002Falk-Stadtplan: Flensburg und Umgebung von 2013, 7. Auflage

Градот Гликсбург од шеесеттите години инвестирал во Штатаусбау-Ост, каде настанала градската четврт Бремсберг. Денес, живеат околу 1.000 жители во населбата.

Историја

Градот бил првично седиште на семејството Шлезвиг-Холштајн-Зондербург-Гликсбург (или само Гликсбург), од 1863 година кралското семејство на Данска и од 1905 година на Норвешка. Дел на семејството на поранешното кралско семејство на Грција, која го вклучува принцот Филип, војвода од Единбург. Негови наследници, вклучувајќи го денешниот крал Чарлс III и Вилијам, Принцот од Велс, се членови на Виндзорската династија, но генеалошки се членови на дел од Гликсбуршката династија.

Меѓународни односи

Збратимени градови

Гликсбург е збратимен со следниве градови:

Ерескебинг, Данска (од 1970 г.) Герен (Риген), Германија (од 1990 г.)

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Приморски одморалишта во Германија Категорија:Шлезвиг-Фленсбург