Европските игри се меѓународен повеќеспортски настан одржан помеѓу спортисти од цела Европа. Игрите беа замислени и ќе бидат одржани од страна на Европските олимписки комитети (ЕОК), кои го објавиле нивното започнување на 41. генерално собрание во Рим, на 8 декември 2012. Првите европски игри ќе бидат одржани во Баку, Азербејџан, во јуни 2015, а потоа ќе се одржуваат на секои четири години. Дваесет спортови беа потврдени за игрите во 2015, по успешните преговори со европските федерации за пливање, гимнастика и атлетика.
Европските игри се последните континентални игри кои ќе бидат одржани, по Азиските игри, Панамериканските игри, Сеафриканските игри и Тихоокеанските игри. Од 2015, секој континент ќе има континентални игри во олимписката традиција.
Спортови Следниве спортови беа потврдени за првите игри во Баку 2015.
Водени спортови Скокови во вода Пливање Синхронизирано пливање Ватерполо Стреличарство Атлетика Бадминтон Кошарка Кошарка (3x3)
Бокс Кану и кајак Спринт Велосипедизам BMX Планински Друмски Мечување Фудбал Фудбал на песок
Гимнастика Уметничка Ритмичка Трамболина Аеробичка Акробатска Џудо Карате Самбо
Стрелаштво Пинг-понг Теквондо Триатлон Одбојка Одбојка Одбојка на песок Борење Слободен стил Грчко-римски стил
Градови домаќини
Игри Година Домаќин Датуми Спортови Натпревари Држави Спортисти Стадион Навод I 2015 Баку 12 јуни - 28 јуни 20 253 50 5,898 Олимписки стадион (Баку) II 2019 Минск 21 јуни - 30 јуни 15 198 50 4,023 Стадион Динамо Минск
Поврзано Олимписки игри Европски младински олимписки фестивал Панамерикански игри Азиски игри Сеафрикански игри Светски игри Тихоокеански игри Игри на Комонвелтот
Наводи
Категорија:Спортот во Европа