Квантна медицина — област од алтернативната медицина заснована на начелото на лекување и материјално обликување на живите системи, со употреба на променливоста на диференцијалната стабилност во времето и просторот. Квантната медицина се развила кон крајот на 20. век и во почетком на 21. век благодарејќи на откритието на телесниот електромагнетизам и на брзиот развој на модерната технологија, пред сѐ, на информатиката, која е сѐ подостапна и има сѐ повеќе приврзеници во официјалната медицини.M. Perus, Neuro-quantum parallelism in mind-brain and computers, Informatica 20 (1996), pp. 173-183M. Perus, Multi-level synergetic computation in brain, Advances in Synergetics 9 (1998), in press; and references therein. Затоа може да се смета за симбиоза на холистичкиот пристап, или целосниот пристап при лекувањето во хуманата медицини, помогнат од модерната технологија.D. Raković, Biophysical basis of traditional medicine and traditional psychology, Serbian Journal of Acupuncture 1 (1998), pp. 6-12D. Raković, Traditional medicine and traditional psychology: Biophysical bases of psychosomatic disorders and transpersonal stress reprogramming, in B. Lažetić, ed. Theory of Functional Systems - Basic and Clinical Approach, Proceedings of 4th Yugoslav-Russian Conference (Palić, 1998)

Основните квантни принципи D. Raković, Consciousness and quantum collapse: Biophysics versus Relativity, The Noetic Journal 1 (1997), pp. 34-41.D. Raković, Prospects for conscious brain-like computers: Biophysical arguments, Informatica 21 (1997), pp. 507-516.K.H. Pribram, Brain and Perception (Lawrence Erlbaum A., Hillsdale, 1991); K. H. Pribram, ed. Rethinking Neural Networks (Quantum Fields and Biological Data) (Lawrence Erlbaum A., Hillsdale, 1993).

Новите трендови во природните науки ги пренесуваат медицината и биологијата од емпиријски во фундаментални науки. Веќе илјадници години се познати знаењата и вештините на здравиот живот, на превентивата и на лекувањата во традиционалната кинеска медицина (акупунктура, хербалистика, таи-чи, чи-гонг), индиските ајурведи, јогата, ароматерапијата, кристалотерапијата, терапијата со звукот, фитотерапијата, итн. Сите овие методи го гледаат човекот како хармонија или нехармонија на телото, умот, душата и околината, значи као целина.

Со развојот на електрониката, кибернетиката и информатичката технологије тие илјадагодишни знаења добиваат потврда и во официјалната наука, а тоа е фактот дека нашето тело во суштина е кондензирана енергија која се движи брзо преку безброј различни вибрации.

Квантната медицина како термин влегува во општа употреба кога квантните физичари го препознале новиот пристап на материјалното обликување на живите системи, нивните различности во диференцијалните стабилности во времето и во просторот и првите резултати од истражувањата ги објавиле во Брисел во 1989 година.

Вајскопф прв обрнал внимание на тоа дека:

„единствено принципот на квантната механика (принципот на идентитет и на непрекинатост во постоењето на карактеристичните честоти) овозможува поединична стабилност на светот на три нивоа на самоорганизирање на материјата: јадрено, атомско и молекуларно. Меѓутоа, освен трите наведени нивоа, природата познава барем уште едно ниво − нивото на живите суштества, кои се одликуваат со своја поединечна, диференцијална стабилност.

Секоја човечка мисла и активност е придружена со електрична активност во нервниот систем, како и со биофотонска комуникација меѓу клетките. Нема живот без проток на јоните низ клеточната мембрана и без наплив и повлекување на меридијанските енергии.

Медицината сѐ повеќе ги прифаќа принципите на квантната физика, кои водат до големи промени во други сфери на животот, таа сѐ повеќе се залага за надминување на принципите на лекување кое се заснова на посматрање на симптомите на болеста кое сега се применува во практиката. Но тие принципи сѐ повеќе ќе се губат и ќе бидат минато. Многу брзо лекарите ќе научат да го користат телесниот суперкомпјутер на квантно-енергетското поле.

„Тој „поглед“ во телесната мрежа на биолошката комуникација ќе ни даде информации за скриените промотори и поттикнувачи на болестите кои го блокираат деликатниот процес на телесното самолекувања и механизмот на заздравување, без кои не може да ни биде подобро. Ако признаеме дека телото има вродена интелигенција, ќе станеме способни селективно да ги „исклучиме“ лошите генетски обрасци, предизвикувачи на многу познати болести, како што се Алцхајмеровата болест, Паркинсоновата болест и фибромијалгијата.“

Квантната физика како основа на квантната медицина

Макс Планк е еден од најголемите физичари на сите времиња, кој во 1918 година ја добил Нобеловата награда за истражувачка работа во областа на квантната физика. Планковото револуционарно откритие претставува основа за поставување на фундаменталните принципа, кои се суштински важни за разбирање на квантната медицина.Раковић Д, Шкољев А, Ђорђевић Д, Увод у квантно-информациону медицину, Европски центар за мир и развој, Универзитет за мир Уједињених нација

„Основниот принцип на квантната физика вели дека сѐ има честота и дека секоја клетка на нашето тело има своја идеална честота. Ако се смени таа честота поради разни стресни фактори, се менува и комуникациската способност на нашите биофотони и како резултат на тоа настанува болеста.“

Микроскопските димензии не се главен услов при примената на квантната механика. Квантната физика ја смета квантната теорија како основна теорија на современата физика и на квантната механика на микрочестичките. Квантната механика преку дуалната природа на честичките (брановата и корпускуларната) ја опишува состојбата на системот на микрочестички со разбирање на многу принципи на макроуниверзумот (принципот на неодреденост -Хајзенбергов принцип и на „начелото на неизвесност“).

Светот не се дели на различни збирови на објекти, туку на различни збирови на врски. Квантната механика дава објаснувања за многу појави како што се стабилноста на атомот, на топлотниот капацитет на телото, на природата на многубројните хемиски сили, на феромагнетизмот...

Квантната електродинамика ја проучува примената на квантната механика на електромагнетните и на брановите полиња на електронот, на присуството на макроскопските ефекти односно на суперфлуидноста, на суперпроводливоста и на Јозефсоновиот ефект.

Неопходен услов за примена на квантната механика е постоењето на целосниот потенцијал за самоодржување во системот, кој го одредува постоењето на објектот на дадените нивоа на квантните скали. Значи, неопходен услов за формирање на целосен макроскопски квантномеханички ентитет е постоење на ефикасни и далекусежни активни сили во ограничен честотен опсег, кои би создале кохерентни, мултимодални полиња од ласерски тип во секој жив објект.

„Квантната физика овозможува научно разбирање на многу дијагностичко-терапевтски методи на традиционалната медицина (акупунктурата и нејзината класична јонска и квантно солитонска природа, хомеопатијата (различни хомеопатски потенции имаат различни времиња на релаксација на протоните) што може да се следи преку измената на НМР спектрите и со ласерската спектроскопија; лекување со светлина и со бои со следење на фотоекситонски и биофотонски ефекти кои се остваруваат преку овие терапии)“.

Основни начела на квантната медицина

Феноменот на животот како единственост почнува да се изучува и да се објаснува со законите на „квантната физика на животот“ и на квантната медицина. Значи, освен анатомско-морфолошката структура на организмот што го гледаме со голо око, постои и таканаречениот „електромагнетен костур на човекот“ преку кој се движат електромагнетните бранови создавајќи сопствено кохерентно поле на човекот што го регистрира и го проучува квантната медицина. Клиничките увиди во квантната медицина одат сѐ до внатрешната работа на живите клетки, до ниво на нивното стапување во интеракција со квантно-енергетското поле. Квантната медицина покажува дека интелигенцијата својствена за телото, преку која тоа знае како да санира исеченица или скршена коска, а да не мора да се помисли на тоа, може да биде унапредена за да нѐ излекува речиси од секоја болест.Z. Jovanović Ignjatić, Mikrotalasna rezonantna terapija - ključ za razumevanje kvantno hologramske medicine, Zbornik radovaSimp.Integrativna medicina, Beograd, 2006, pp. 19-20.

Човечкото тело е совршена мрежа на меѓусебе поврзани системи, а сите тие придонесуваат за неговото функционално единство и за унапредување на неговата способност за исцелување. Воспоставувањето контрола над тие огромни, меѓусебе поврзани биолошки мрежи доведува до стекнување увид во постоењето на вариететите на заболувањата и на пофункционално доаѓање до начинот за нивно искоренување.

Затоа квантната медицина во себе обединува различни пристапи на здравствениот проблем, кои треба да доведат до единствен модел, заснован на енергијата.S. P. Sit’ko, Quantum-mechanics basis of the diverse differentialstability of the alive, Physics of the Alive 13(1) (2005) 9-12.D. Raković,Biološki efekti MRT terapije, u: Grupa autora, Antistres holistički priručnik, IASC, Beograd, 1999. Таквите пристапи ја зголемуваат можноста кај болните нагло да се поттикнат слабите или пореметени механизми на заздравување. Тие на болните им даваат надеж дека квантните начини на лекување наскоро ќе можат да лекуваат неколку дегенеративни болести, вклучувајќи ги Паркинсоновата болест, Алцхајмеровата болест и мултиплекс склерозата. Квантниот пристап може да биде моќно оружје во борба против стресот,E. L. Macheret, O. A. Korkuško, Uticaj milimetarskih talasa na antistresno stanje, Antistres holistički priručnik, Suplement MRT antistres profilakse i terapije, IASC,Beograd, 1999, pp. 1-3. мозочниот удар, болестите на срцето и ракот. Квантната медицина ја гледа болеста како „извртено“ квантно-енергетско поле на телото. Наместо да ги сузбие симптомите на дисхармонијата (како што се болката или воспалението), квантната медицина на болеста ѝ пристапува со намера да ја отстрани постоечката дисхармонија и го постигнува тоа со внесување поголеми количини енергија или со стимулации на специфичните резонанции , кои ја коригираат дисхармонијата и доведуваат до природно, спонтано излекување. Моделот на квантна медицина со себе носи реална можност за продолжување на животниот век и за подобрување на квалитетот на животот, така што ќе може превентивно да се спречуваат заболувањата како што се мозочниот удар, болестите на срцето, дијабетесот, дегенеративните болести...

Опремата во квантната медицина Принципите на квантната физика се заслужни за голем број технолошки изуми, како што се МРИ скенери и ласерската хирургија, штолекарите и забаритеја користат секојдневно во целиот свет. Еден од новите изуму е QXCI () или неговиот последен технолошки оперативен систем SCIO () кој засега е најкомплесен биорезонантен биофидбек антистресен оперативен систем направен на принципите на квантната биофизика, кој се заснова на принципите на холистичката медицина. Според приврзениците на овој изум; SCIO овозможува фидбек на дијагнозата-терапија која е без контраиндикации, неинвазивна е, безболна, без хемија и по мера на секој организам. Системот е така конструиран што во текот на терапијата, телото на своето потсвесно ниво само одбира што, одново тој момент. SCIO во организмот ги урамнотежува сите функции што биле пореметени од внатрешни или надворешни стесогени факториOfficial Website of the Manufacturer of the SCIO.

Апаратурните методи на квантната медицина користат нискоенергетска безбедна електромагнетно зрачење, која деува добро на внатреклеточните и интерклечните процеси преку мегнетните природни нукеуси, преку микротубуларниот систем и преку „gap junction channels-(GJ)- nexus“ (веза), или ”спојните канали” како и преку класичните квантни невронски структури.

Врз основа на долгогодишна студија, направен е список на најефективните облици на електромагнетна зрачење која е предмет на интересирање на квантната медицина: магнетно поле,