Аврамово — село во Разлошко, Пиринска Македонија, денес во општината Јакоруда на Благоевградската област, Бугарија. Населението брои 636 жители (2024).

Географија и местоположба Селото Аврамово се наоѓа во планинско подрачје. Се наоѓа во Аврамското седло кое ги дели планините Рила и Родопи. Од општинскиот центар - Јакоруда е на 18 километри.

Историја Селото е основано во 1955 година. од населбите Аврамови колиби, Планковци, Тиберова и Харлиова села и селото Бабјак.Мичев, Николай, Петър Коледаров. „Речник на селищата и селищните имена в България 1878 – 1987“, София, 1989.

Демографија На табелата е прикажан бројот на населението во Аврамово за периодот 1956-2011: година1956196519751985199220012011население545646604660706698723

Етнички состав Број и удел на етничките групи според пописот од 2011 година: националностброј%Бугари9613,28Роми - -Турци58280,50други - -не се самоопределиле - -не одговориле456,22Вкупно723100 Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.

Културни и природни знаменитости Тука се наоѓа највисоката железничка станица на Балканот, со надморска височина од 1267 метри. Железничката станица Аврамово е станица на единствената железничка линија со тесен колосек во Бугарија, со колосек од 760 мм, што ги поврзува градовите Септември, Велинград, Јакоруда, Мехомија, Банско и Добриништа. Линијата е една од најживописните во цела Европа и во исто време важна за локалното население кое во зима нема друг превоз до поголемите градови како Мехомија и Велинград.

Галерија

Наводи

Категорија:Општина Јакоруда Категорија:Села во Пиринска Македонија