Жељко Васиќ (роден на година во ) — српски поп пејач, композитор и текстописец.

Животопис

Својот музичкиот талент го наследлил од својот татко кој исто така е музичар кој свири на гитара. Неговиот музички пат започнал кога имал само девет години и се запишал на музичко училиште кое успешно го завршил. Потоа се преселил во Белград каде запишал на средно музичко училиште кое исто така успешно го завршил.

Васиќ започнал да настапува по Белградските клубови и сплавови, во 2001 година го имал својот прв јавен медиски настап на фестивалот „Сунчане скале” со песната од Владо Георгиев, Жена као ти. Песната станала популарна помеѓу публиката. Во 2004 година Жељко повторно настапил на фестивалот „Сунчане скале” со песната Пратиш ме у стопу, која исто така ја напишал Владо Георгиев. Истата година Васиќ издал микс сингл во албум под името Intro, Bez milosti, Nisam od juče. Жељко се нашол во сенката на Владо Георгиев, поради тоа што тој бил автор на неговите први песни, но и поради сличните бои на нивните гласови.

По долга издавачка пауза, во 2008 година ја издал песната Само моја која ја напишал Ранко Слијепчевиќ, како најава за втор студиски албум кој иѕлегол истата година. Албумот постигнал голем успех и тој станал автор на неколку песни. По две години го направил својот прв солистички концерт во Сава Центар, а потоа во народниот театар во Нови Сад, каде го претставил новиот сингл Заувек. Годината 2012 дефинитвно ја означила неговата кариера, песнта Воли ме и не воли ме станала мега хит, а потоа летен хит станала и песната Зањиши куковима, потоа следна нова песна му била Жељо једина, која станала една од најслушаните песни на крајот на годината. На радискиот фестивал настапил со песната Тражи песму, а потоа издал нова песна Погледај. Сите овие песни биле издадени на албумот Летњи интермецо.

Фестивали 2009 Врњачка Бања - Кад ти затреба 2010 Врњачка Бања- Заувек 2011 Врњачка Бања- Окренучу свет (победник) 2013 Радијски фестивал - Тражи песму 2014 Пролече у Београду - Свако има неког кога нема

Приватен живот Оженет е има две деца и живее во Белград.

Дискографија Година Албум Издавачка куќа 2001 Жена као ти сингл 2004 Интро BK sound 2008 Само моја Goraton 2012 Воли ме и не воли ме, жељо моја једина синглови 2013 Летни интермецо City Records 2016 Нема даље Pop music

Надворешни врски Biografija

Категорија:Родени во 1979 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Заечар Категорија:Српски поп пејачи Категорија:Српски кантавтори Категорија:Срби од 20 век Категорија:Срби од 21 век