Сезоната 2015/16 на КК Работнички била 24. сезона во Првата македонска кошаркарска лига и 70. сезона од неговото постоење. Клубот оваа сезона во Првенството и во Купот стигнал до четвртфиналето, додека во Суперкупот бил вицепрвак. Преглед на сезоната Претсезонски подготовки и промени На крајот на јуни, Димитар Мираковски потпишал нов договор со Работнички за новата сезона.Мираковски ќе го предводи „подмладениот Работнички“ ekipa.mk 29 јуни 2015 Претседателот на КК Работнички - Ристо Гапиќ ги најавил целите за новата сезона, односно подмладување на составот, и создавање своја сопствена академија. Исто така тој најавил дека клубот нема да цели кон нови титули во новата сезона, туку поработување на внатрешната состојба на клубот.Ристо Галиќ за Спортклуб: Работнички ќе биде расадник на млади таленти sportclub.mk 7 јули 2015 Во јули, слободниот агент и најкорисен играч на претходната сезона - Ѓорѓи Чековски потпишал за косовски Сигал Приштина.Чековски се враќа во Сигал Приштина после 11 години! sport365.mk 21 јули 2015Чековски по 11 години пак ќе игра за Сигал Приштина! sportmedia.mk 21 јули 2015Чековски: Чест ми е што пак ќе играм за Приштина ekipa.mk 22 јули 2015 Управата на КК Работнички била во исчекување колкав ќе и биде буџетот за новата сезона, која требала да го добие од главниот сопственик - Општината Центар.КК Работнички во исчекување: Погледите кон општината, а таму молк ekipa.mk 28 јули 2015 Дарко Соколов во август 2015 година по истекот на договорот го напуштил Работнички и потпишал за Карпош Соколи.Репрезентативно засилување: Дарко Соколов една сезона во јатото на „соколите"! sportmedia.mk 1 август 2015Соколов е нов играч на Карпош Соколи sport365.mk 1 август 2015Дарко Соколов потпиша за Карпош соколи ekipa.mk 1 август 2015 Неколку дена подоцна, доскорешните кошаркари на Работнички, Црногорецот Игор Бијелиќ и Србинот Марко Ѓурковиќ, потпишале за Куманово 2009,Бијелиќ потпиша за Куманово ekipa.mk 7 август 2015Сино-белите пазареа во „Градски парк“: Црногорецот Бијелиќ потпиша за Куманово! sportmedia.mk 7 август 2015Ли-Инграм и Бјелиќ го засилија КК Куманово! sport365.mk 7 август 2015 односно за романска БЦМ У Питешт.Marko Djurkovic nu a semnat cu BCM U Pitești totalbaschet.ro 4 август 2015Marko Djurkovic nu a semnat cu BCM U Pitești csgazmetan.com 4 август 2015 Клубот го напуштиле и Марјан Ѓуров како и Србинот Миљан Павковиќ. На местото на Марјан Србиновски, кој претходно станал селектор на македонската репрезентација, на негово место дошол Перо Блажевски на функцијата помошник тренер.Легендата повторно дома: Перо Блажевски ѝ се враќа на првата љубов – Работнички! sportmedia.mk 10 август 2015 На средината на август, крилниот центар на екипата од минатата сезона - Тодор Гечевски станал координатор на младинските школи.Легендата во нова улога: Гечевски ќе го враќа стариот сјај на младинската школа на Работнички sportmedia.mk 17 август 2015Гечевски: Сакаме Работнички пак да биде доминантен со играчи од сопствената школа! sportmedia.mk 17 август 2015Гечевски ќе им помага на младите, а можеби и пак ќе заигра за Работнички centarnews.net 17 август 2015
На крајот на септември слободните агенти, репрезентативецот Стојан Ѓуроски кој претходната сезона играл за бугарски Левски и Бојан Крстевски кој настапувал во грчка Кавала, потпишале отворен договор со клубот.Ѓуроски пред потпис на „отворен договор“ со Работнички ekipa.mk 24 септември 2015Репрезентативецот Ѓуроски ќе го засили Работнички!? sport365.mk 24 септември 2015Krstevski is back at Rabotnicki eurobasket.com 28 септември 2015 Потпишал и Александар Стефановски кој дошол од екипата на Водњански Лисици.Rabotnicki lands Aleksandar Stefanovski eurobasket.com 28 септември 2015 Воедно во екипата се приклучиле и Андреј Цветковски од МЗТ Аеродром, Србинот Петар Николиќ од Водњански Лисици, Виктор Ефремовски од Вардар, Виктор Серафимовски од Шкупи, Ервин Цого од косовски Кастриоти, Томислав Петров од Кожув, како и Алаудин Мустафа од младинската екипа.Players/Coaches Movement in FYRO Macedonia in summer 2015 eurobasket.com Истовремено бил одржан Управниот Одбор при што се одлучило колкав буџет ќе добие клубот за престојната сезона.Жешка седница на УО: Нема пари, ќе има оставки во Работнички ekipa.mk 24 септември 2015Заврши бурниот УО: Работнички ќе диши на шкрги ekipa.mk 24 септември 2015
Во возобновениот Суперкуп на Македонија кој се играл во Охрид и кој бил со нов формат,Хуавеј Супер Куп 2015 basketball.org.mkОХРИД ДОМАЌИН НА ПРВИОТ СУПЕР КУП ВО КОШАРКА ohrid.gov.mk 23 септември 2015Учесниците на Хуавеј Супер купот: Добра можност за победнички старт на новата сезона basketball.org.mk Работнички во полуфиналето го победил фаворитот на хартија - Кожув со 79:56. Најмногу бодови остварил Стојан Ѓуровски кој завршил со 17 бода, Бојан Крстевски забележал 8 скокови додека Димитар Мираковски имал 8 асистенции.Работнички-Кожув 79:56 fibalivestats.com 26 септември 2015Никогаш не го потценувај Работнички: „Центарци“ го торпедираа Кожув за финале во Суперкупот! sportmedia.mk 26 септември 2015 Во финалето Работнички бил поразен од МЗТ Аеродром со резултат 62:81. Димитар Мираковски постигнал 16 бода и пет асистенции, додека Стојан Ѓуровски имал осум скокови.Работнички-МЗТ Аеродром 62:81 basketball.org.mk 27 септември 2015 Воедно Мираковски го добил признанието најкорисен играч на турнирот.Работнички со сила за една четвртина, МЗТ го освои Хуавеј Супер купот ekipa.mk 27 септември 2015МЗТ Аеродром го освои првиот трофеј во Хуавеј Супер Купот sport365.mk 27 септември 2015Награда во вистински раце: Мираковски го загуби финалето, но го доби признанието за МВП на турнирот! sportmedia.mk 27 септември 2015
На почетокот на октомври, бившиот селектор на македонската репрезентација Александар Џикиќ бил гостин во клубот каде одржал предавања на младинските екипи како и на тренерите.Екс-селекторот во „Градски парк“: Џикиќ ќе работи со талентите и ќе ги образова тренерите на Работнички sportmedia.mk 5 октомври 2015Џикиќ во „Градски парк“: Работнички има таленти, но и одлична идеја за нивни развој сѐ до првиот тим sportmedia.mk 8 октомври 2015 Пред самиот почеток на новата сезона, нов договор потпишале Ивица Димчевски, Јане Петровски, како и репрезентативецот Бојан Трајковски кој претходно играл во Сигал Приштина.Работнички во битка со времето: Трајковски потпиша, се чека сертификатот за да игра во Гевгелија! sportmedia.mk 8 октомври 2015Најавите се остварија: Трајковски и Димчевски потпишаа за Работнички ekipa.mk 8 октомври 2015
Октомври Во првото коло во Првенството, Работнички му гостувал на Кожув, каде бил поразен со 88:67. Најмногу бодови остварил Стојан Ѓуроски - 13, Петар Николиќ и Бојан Трајковски завршиле со пет скокови, а капитенот Димитар Мираковски имал пет асистенции.Кожув-Работнички 88:67 fibalivestats.com 10 октомври 2015
Иако било најавено дека Бојан Трајковски кој имал потпишано отворен договор со Работнички, дека преминал во грчки Аполон Патрас,Кратко во Работнички: Бојан Трајковски се сели во Аполон ekipa.mk 13 октомври 2015Толку од „љубовта“ со Работнички: Трајковски се сели во Грција - ќе игра за Аполон Патра! sportmedia.mk 13 октомври 2015Трајковски се сели во грчки Аполон derbi.mk 13 октомври 2015 тој сепак не нашол заеднички договор со Аполон и останал во Работнички.Трајковски: Немам договор со Аполон! sport.com.mk 14 октомври 2015Ништо од трансферот во Грција: Бојан Трајковски (засега) останува во „Градски парк“! sportmedia.mk 17 октомври 2015
Во второто коло, Работнички му бил домаќин на гевгелиски Бест кој го победил со 84:46. Најдобар бодтер бил Виктор Серафимовски со 19 бода, Бојан Трајковски забележал седум скокови и Димитар Мираковски имал пет асистенции.Работнички-Бест 84:46 fibalivestats.com 17 октомври 2015
За време на последните тренинзи пред натпреварот против Фени Индустри, Ивица Димчевски ги скинал лигаментите на коленото и лекарските прегледи потврдиле дека ќе ја пропушти целата сезона.Удар за Работнички: Димчевски ги скина лигаментите ekipa.mk 27 октомври 2015Димчевски повторно ги скина лигаментите на коленото sport.com.mk 27 октомври 2015Димчевски ги скина лигаментите, ја пропушта цела сезона! vecer.mk 27 октомври 2015Димчевски ги скина лигаментите на коленото derbi.mk 27 октомври 2015 Истовремено пред натпреварот, во екипата пристигнал Јован Марковски кој бил слободен играч, а претходно настапувал во Фени Индустри.
Третото коло било одбележано со победа кога Работнички го победил Фени Индустри на гости со 79:82. Бојан Трајковски имал 23 бода и седум скокови, а Димитар Мираковски придонел со девет асистенции.Фени Индустри-Работнички 79:82 fibalivestats.com 24 октомври 2015
Работнички во четвртото коло ја пречекал Струмица и ја победил со 88:68. Најдобар бил Бојан Трајковски со 22 бода и десет скокови, а Димитар Мираковски придонел со шест асистенции.Работнички-Струмица 88:68 fibalivestats.com 30 октомври 2015
Ноември Во петтото коло Работнички бил поразен при гостувањето кај МЗТ Аеродром со 90:85. Јане Петровски постигнал 22 бода како и четири скокови, а исто толку скокови имале Стојан Ѓуроски, Бојан Крстевски и Бојан Трајковски, воедно Димитар Мираковски имал девет асистенции.МЗТ Аеродром-Работнички 90:85 fibalivestats.com 12 ноември 2015
Во шестото коло Работнички бил поразен кога му бил домаќин на Куманово 2009 со резултат 64:82. Најмногу бодови остварил Стојан Ѓуроски - 16, а Димитар Мираковски имал седум скокови и шест асистенции.Работнички-Куманово 2009 64:82 fibalivestats.com 15 ноември 2015
По шестото коло, Јане Петровски го напуштил Работнички и потпишал за Фени Индустри.Јане Петровски потпиша за Фени индустри ekipa.mk 17 ноември 2015Добрите игри му донесоа платен ангажман: Јане Петровски потпиша за Фени индустри! sportmedia.mk 17 ноември 2015Јане Петровски го засили Фени Индустри derbi.mk 17 ноември 2015
Во седмото коло Работнички гостувал кај Карпош Соколи 2000 и притоа бил поразен со 87:64. Бојан Крстевски имал 15 бода, Стојан Ѓуроски остварил седум скокови исто како и Димитар Мираковски кој воедно имал и девет асистенции.Карпош Соколи 2000-Работнички 87:64 fibalivestats.com 22 ноември 2015
Претходно од составот биле отстранети Ервин Цого кој заминал во ШкупиЛИСТА НА ОДОБРЕНИ ИГРАЧИ И СЛУЖБЕНИ ЛИЦА СЕЗОНА 2015/16 - КК Шкупи basketball.org.mk и Виктор Серафимовски кој се преселил во Гостивар 2015, а бил пријавен Михајло Митев.
На крајот на ноември, Работнички раскинал со Бојан Трајковски кој потпишал со Куманово 2009,Бојан Трајковски потпиша за Куманово! ekipa.mk 29 ноември 2015Бојан Трајковски ги откри „тајните“ на Работнички и потпиша за – Куманово! sportmedia.mk 29 ноември 2015 а на негово место дошол повратникот Ѓорѓи Чековски потпишувајќи отворен договор, откако претходно Чековски раскинал со косовска Сигал Приштина.По заминувањето на Трајковски: Ѓорѓи Чековски најмалку еден месец во дресот на Работнички! sportmedia.mk 29 ноември 2015Трајковски раскина со Работнички, Чековски негова замена ekipa.mk 29 ноември 2015
Во осмото коло Работнички загубил дома од Кожув со резултат 61:62. Најдобар поединец бил Горѓи Чековски со 28 бода и девет скокови, додека Димитар Мираковски остварил пет асистенции.Работнички-Кожув 61:62 fibalivestats.com 30 ноември 2015
Декември Во деветтото коло Работнички гостувал кај Бест и го победил со 56:84. Најдобар бодтер бил Стојан Ѓуроски со 22 бода и со 14 скокови, а Ѓорѓи Чековски имал четири асистенции.Бест-Работнички 56:84 fibalivestats.com 5 декември 2015
Во десеттото коло Работнички бил поразен од Фени Индустри на домашен терен со 59:76. Најдобар играч бил Димитар Мираковски со 14 бода и шест асистенции, додека Ѓорѓи Чековски имал десет скокови.Работнички-Фени Индустри 59:76 fibalivestats.com 12 декември 2015
Во единаесеттото коло била поразена Струмица на гости со 56:79. Најдобар поединец бил Димитар Мираковски со 20 бода и три асистенции, а Ѓорѓи Чековски остварил 11 скокови.Струмица-Работнички 56:79 fibalivestats.com 20 декември 2015