Сузана Тодоровска - Павлоска (, - , ) — македонска новинарка.
Животопис Тодоровска Павловска е родена на 30 март 1965 година во Скопје. Дипломирала на Филозофскиот факултет, Институт за психологија, а од 1991 година редовно била вработена во вториот програмски сервис на Македонското Радио. Во 1998 година доаѓа на местото уредник во редакција. Десет години подоцна е назначена за главен и одговорен уредник за вториот програмски сервис – Радио 2, функција која успешно ја извршувала во следните три години. Во центарот на нејзиниот богат новинарски опус беа културните настани, а главен интерес и биле филмската уметност и подвижните слики на кои им го посвети најголемиот дел од својата кариера. Била соработник и на Deutsche Welle.Збогум, Сузана! Нејзин сопруг бил Зоран Павлоски, контрабасист. Починала во Скопје на 7 јули 2015 година во сообраќајна несреќа.Загина новинарката Сузана Тодоровска Павловска
Наводи
Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски уредници