Стефан I Цариградски (867 - ) — Вселенски патријарх од 886 до 893 година.

Роден во Цариград, Стефан бил син на Евдокија Ингерина и царот Василиј I. Сепак во периодот кога бил зачнат, Евдокија била љубовница на царот Миахаил III. Па можно е или поверојатно е дека како и неговиот постар брат Лав VI, Стефан да бил син на Михаил.

Кастриран од страна на Василиј I, Стефан станал монах и му била предодредена кариера во црквата уште додека бил дете. Во 886 година неговиот брат, царот Лав VI, го сменил Фотиј I и го назначил деветнаегодишниот Стефан за патријарх.

Како патријарх Стефан учествувал во церемонијалното препогребување на Михаил III од страна на Лав VI во царскиот мавзолеј веднаш до црквата Свети Апостоли во Цариград. Нема поважни настани кои се поврзуваат со Стефановото патријархување и со самиот патријарх, кој бил познат како скроме човек, починал во мај 893 година. Неговата слава во православната црква е на 18 мај. Ὁ Ἅγιος Στέφανος Πατριάρχης Κωνσταντινουπόλεως. 18 Μαΐου. ΜΕΓΑΣ ΣΥΝΑΞΑΡΙΣΤΗΣ.

Наводи

Надворешни врски The Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, 1991.

Категорија:Родени во 867 година Категорија:Вселенски патријарси Категорија:Византијци од 9 век Категорија:Архиепископи од 9 век Категорија:Православни светци Категорија:Македонска династија Категорија:Христијански светци од 9 век