Битката кај Аџнадајн (арапски: معركة أجنادين) се одвила во јули или август 634 година помеѓу силите на Византија и Праведниот Калифат на територијата на денешна Палестина и Израел. Битката е дел од Византиско-арапските војни и Муслиманското освојување на Сирија, а завршила со победа на Праведниот Калифат.
Позадина
Според Дејвид Никол, армијата на Праведниот Калифат го напуштиле главниот град Медина најверојатно на есен на 633 или на почетокот на 634 година. Тие најпрвин во Битката кај Датин на 4 февруари ги поразиле Византијците, по кој пораз Ираклиј бил принуден да испрати засилување во јужните делови на империјата. На Халид ибн ал-Валид му било наредено да прекине со операциите против Персија и да се пренасочи кон Сирија. Во Сирија, муслиманите издвојувале победа во Битката кај Босра по кое заедно со неговите генерали ја продолжиле експедицијатаD. Nicolle, Yarmuk 636 AD - The Muslim Conquest of Syria, Osprey, 1994, p. 46..
Халид ги обединил силите со Амр ибн ал-Ас во местото познато како Аџнадајн. Точното место на битката сè уште не е утврдено, но врз основа на топографијата на регионот, историчарите сугерираат дека битката се водела покрај реката на населеното место Елах. Во врска со текот на битката од византиски извори, постојат малку информации бидејќи често се мешат со битите од другите византиски порази кај Датин и Јармук. Најраниот извор се појавува во хрониката Фредегар во 660 година.
Сили
Во однос големината на армиите со кои располагале двете страни, Хамилтон Александар Роскин Гиб во делото Енциклопедија на исламот тврди дека двете сили броеле околу 10,000 војници, и дека бројките кои се дадени од страна на муслиманските историчари се претерани, особено во однос на Византијците David Morray in the Oxford Companion to Military History, however, places both armies ar approximately 20,000 strong.. Дејвид Мореј од оксфордскиот универзитет смета дека бројот на војници на двете страни бил околу 20,000 луѓе.
Византијците биле предводени од братот на византискиот цар Ираклиј, Теодор. Муслиманските извори го именувале како Патрикос (командант) на емеса, која била главна византиска база во Сирија во раниот период од муслиманското освојување на Сирија. Според некои извори, тој своите сили ги регрутирал од северните територии на империјата, односно од Ерменија, или пак од армија која била придружувана од страна на самиот император Ираклиј во Сирија. Освен овие сили, византиските сили најверојатно вклучувале и локални арапски племиња со христијанска вероисповед. Од друга страна пак, муслиманската армија била составена од три одделни групи, со кои групи управувале Халид и Амр.
Битка
Византијците во оваа битка претрпиле голем пораз, и биле принудени да се повлечат кон Дамаск. Од друга страма и муслиманите имале големи загуби, вклучувајќи и неколку членови на раната муслиманска аристократија кои, откако загинале, биле претставени како маченици.. Според муслиманските извори, византиските сили имале големи загуби и дека еден од двајцата команданти (најверојатно Вардан) загнал во битката, додека Теодор успеал да побегле најпрвин на север, каде Ираклиј најпрвин го разрешил а потоа го испратил во затвор во Цариград.
Ираклиј по битката се повлечел од Емеса кон Антиохија, додека преживеаните византиски сили побегнале кон најблиските тврдини на населените места. Во следниот период цела Палестина била отворена за муслиманските напади, особено во внатрешнните делови далеку од крајбрежните градови. Како резултат на овие настани, во регионот започнала да се шири голема паника, додека арапската армија повторно се разделила на неколку делови сè додека повторно не биле соединети по повод византискиот обид за запирање на муслиманската инвазија во Битката кај Фахл шест месеци подоцна
Наводи
Извори
Категорија:Битки на Византија Категорија:Битки на Калид ибн Валид Категорија:Битки на Абу Убаидах ибн ал-Џарах Категорија:Битки во Византиско-арапските војни Категорија:Муслиманско освојување на Левант