Мрамор — археолошко наоѓалиште во прилепското село Дреновци. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 2 км југозападно од селото и источно од патот за селото Дупјачани, каде се наоѓаат многубројни остатоци од темели на објекти, а по површината фрагменти од керамички садови, имбрекси и мермерни елементи од архитектонска пластика. Најдени се и монети. Изгледа дека населбата се простирала и на соседните наоѓалишта Браилово, Лечиште и Бувало. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.
Поврзано Врба — неопределено наоѓалиште од непознат период;Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998 Горни Грамаѓе — неопределено наоѓалиште од непознат период; Долни Грамаѓе — неопределено наоѓалиште од непознат период; Градиште — населба од римско време; Перуника — неопределено наоѓалиште од непознат период; Дреновци; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
Наводи
Категорија:Дреновци