Јован X Цариградски — Вселенски патријарх од 5 август 1198 до април мај 1206 година.
Јован бил член на семејството Камтерови, на кое припаѓала и Ефросина Дукина Каматерина, сопруга на Алексиј III (1195–1203). Образован човек, запознаен со класичната литература, реторика и филозофија, тој бил на серија на верски позиции стигнувајќи до позицијата на хартофилакс, позиција која ја имал во моментот кога бил избран за Вселенски патријарх.Kazhdan (1991), p. 1054
Во 1198–1200 тој разманил псима со папата Инокентиј III во врска со спорот за папоцентризмот и за филокве. Забележително е што тој го оспорил тврдењето за папоцентризмот засновано на Св. Петар, и тврдел дека потекнува од фактот што Рим бил стариот главен град на империјата.Kazhdan (1991), pp. 1054–1055 Тој се замешал во бунтовите во Цариград против апсењето на банкарот Каломиди, и го оигурал неговото ослободување,Kazhdan (1991), pp. 1055, 1096 но за време на бунтот на Јован Комнин Дебелиот на 31 јули 1200 година се сокрил во креденец кога бунтовниците ја зазеле Аја Софија.
Јован останал во служба по смената на Алексиј III во јули 1203 година, и според западните извори, заедно тој и Алексиј IV, под закана на Четвртата крстоносна војна, го прифатиле папаоцентризмот истата година. По освојувањето на Цариград за време на Четвртата крстоносна војна во 1204 година, тој првично побегнал во Димотика во Тракија. Во 1206 година, Теодор I го поканил во Никеја, каде било воспоставено Никејското Царство, држава наследник на Византија, но Јован одбил, најверојатно зашто бил во поодмината возраст, и починал во април или мај истата година.Kazhdan (1991), p. 1055
Крстосносците поставиле свој латински патријарх во Цариград, додека пак Теодоредноставно создал нов византиски патријархат во Никеја, што подоцна ќе се префрли во Цариград со остатокот на империјата во 1261 година.
Наводи
Извори
Категорија:Вселенски патријарси Категорија:Починати во 1206 година Категорија:Византијци од 12 век Категорија:Византијци од 13 век