Арсениј Цариградски (ca. 1200 — 1273) — вселенски патријарх, кој живеел во средината на век.Arsenius Autoreianus - Catholic Encyclopedia article

Роден во Цариград околу 1200 година, Арсениј се образовал во Никеја во манастир во кој подоцна станал опат. Последователно тој се предал на самотнички живот и аскетизам во витински манастир.

Од ова свое самотништво бил повикан од царот Теодор II на позицијата патријарх Никејски во 1255 година. По смртта на царот Арсениј можно е да го споделеил старателството над неговиот син Јован IV со Георги Музалон: додека подоцнежните историчари Никифор Григора и Макариј Мелисен тврдат дека патријархот бил старател, современите историчари Георги Пахимер и Акроиполит го именуваат само Музалон.Deno John Geanakoplos, Emperor Michael Palaeologus and the West, 1258–1282: A Study in Byzantine-Latin Relations, (Cambridge: Harvard, 1959), p 33n Сепак, неколку денови по Теодоровата смрт Георги Музалон е убиен од страна на Михаил VIII, Арсениј претседателувал со советот на аристократијата, и го назначил Михаил VIII за регент на момчето. Арсениј исто така го извел двојното крунисување на Михаил VIII и Јован IV во јануари 1259 година.Geanakoplos, Emperor Michael, pp. 41-46

Во периодотмеѓу смртта на Музалон и двојното крунисување, Арсениј работел на заштита на правата на младиот цар Јован IV, во еден миг настојувал Јован IV и Михаил VIII да разменат меѓусебни заклетви за лојалност. Тој исто така настојувал на двојното крунисување Јован IV да биде крунисан прв, нешто што Михаил VIII го гледал како сериозна пречка за неговата узурпација на престолот. Бил вршен притисок врз патријархот да дозволи Палеолог да биде крунисан самостојно, дури и младиот цар бил под дејство на закани. Патријархот не наишол на поддршка од собраните епископи, освен од два прелати, сите мислеле дека Палеолог требало да биде крунисан прв. Арсениј на крајот се сложил да ги круниса Михаил и неговата сопруга прво, додека Јован примил само специјална круна.Michael Angold, A Byzantine Government in Exile: Government and Society Under the Laskarids of Nicaea (1204-1261) (Oxford: University Press, 1975), pp. 89f

По завршувањето на церемонијата, Арсениј се засолнил во Пасхазијскиот манастир, откажувајќи се од титулата но не се откажал од должностите. Никифор II бил востоличен на негово место. Михаил VIII, го ослободил Цариград од Латинското Царство, што го натерало Арсениј да ја правземе повторно титулата Вселенски патријарх, но наскоро го навлекол гневот на Арсениј бидејќи наредил младиот принц Jovan IV да биде ослепен. Арсениј отишол до таму што го екскумуницирал царот Михаил VIII, откако се обидел да го заплаши патријархот да ја повлече екскумуникацијата со закана дека ќе се жали кај папата, Михаил свикал синод, и го расчинил Арсениј, и кон крајот на мај 1265 година го испратил во прогон.Donald Nicol, The Last Centuries of Byzantium, 1261–1453, second edition (Cambridge: University Press, 1993), p. 45 Таму тој починал неколку години подоцна (според фабрициј во 1264 година а според други во 1273 година).

Во периодот на овие одини Арсениј одбивал да ја отстрани екскумуникацијата на царот Михаил VIII по неговата смрт, кога новиот патријарх Јосиф I ја отстранил екскумуникацијата, настанал спорот меѓу „арсенитите“ и „јосифистите.“ „Арсеновата шизма“ траела сè до 1315 година, кога било прогласено помирување од страна на патријархот Нифонт I. Се вели дека Арсениј ги подготвил одлуките на соборите и делата на отците, збирка на свети закони со наслов Synopsis Canonum. Некои велат дека Synopsis Canonum било дело на некој друг Арсениј, монах од Света Гора, се зависи од фактот дали патријархот Арсениј бил или не бил монах во Света Гора.

Наводи

Дополнителна литература Nicolas Oikonomidès, "Cinq actes inédits du patriarche Michel Autôreianos", Revue des études byzantines, 25 (1967), pp. 113–145

Категорија:Родени во 1200 година Категорија:Починати во 1273 година Категорија:Вселенски патријарси Категорија:Луѓе од Цариград Категорија:Луѓе од Никејското Царство