Битката кај Железниот мост се одвила во октомври 637 година помеѓу силите на Византија и Праведниот Калифат на територијата на денешна Сирија. Битката е дел од Византиско-арапските војни и Муслиманското освојување на Сирија, а завршила со победа на Праведниот Калифат. по битката, градот Антиохија паднал под муслиманска власт.
Заднина
Муслиманските сили постигнале голем успех во Битката кај Јармук. Со оваа победа, тие завладеале со цел Левант. По ова, следувало освојување на Ерусалим, по кое муслиманските сили се упатиле кон северните делови на Сирија, во близина на границата со Анадолија. Целата на муслиманите била да се заземе Антиохија. По освојувањето на Алеп, Абу Убаид и Халид ибн ал-Валид го зазеле Азас во северна Сирија, кое било од суштинско значење за да се осигурат муслиманските водачи дека во регионот нема повеќе големи византиски гарнизони. По ова, започнала експедицијата кон Антиохија преку Харимal-Tabari, Muhammad ibn Jarir. History of the Prophets and Kings, Vol. 3, p. 98..
Битка
Дванаесет милји од градот, во близина на денешниот мост Маруба или Железниот мост. Главните детали околу битката не се познати. Халид повторно одиграл одлучувачка офанзива како во Битката кај Јармукal-Tabari, Muhammad Ibn Jarir. History of the Prophets and Kings, Vol. 3, pp.: 99-100.. Византиските сили претрпеле тешки загуби и биле поразени. Византиските жртви во оваа битка биле највисоки во муслиманското освојување на Сирија, со исклучок на битките на Аџнадајн и Јармук. Дел од византиската војска успеала да побегне кон Антиохија, која била ставена под опдада веднаш по битката.
Градот се предал на 30 октомври 637 според кој договор на византиските сили заминале од градот по мирен пат.
Наводи
Категорија:Битки на Византија Категорија:Битки на Калид ибн Валид Категорија:Битки во Византиско-арапските војни Категорија:Муслиманско освојување на Левант