Андреа Белоти (роден на 20 декември 1993, во Калчинате) — италијански фудбалер, напаѓач на Каљари и на италијанската репрезентација.

Биографија Роден во Калчинате, мал град во непосредна близина на Бергамо во северна Италија. Неговиот прекар е „Il Gallo“ (превод на мак. „Петелот“), а го добил по една анегдота што потекнува од презимето на негов пријател од детството, кој му предложил да го слави секој постигнат гол имитирајќи кикиришка од петел со отворена рака на челото.

На 15 јуни 2017 година, се оженил со Џорџија Дуро, која ја запознал за време на неговиот двегодишен престој како фудбалер на , со која има две ќерки, по име Виторија и Бенедета.

Тој е католик по вера.

Технички карактеристики Тој ја започнал својата кариера наизменично играјќи како играч од средниот ред или крило, пред потоа да се прилагоди во улогата на централен напаѓач под водството на Алесио Пала во „Примавера“ тимот на Албинолефе. Споредуван со Џанлука Вијали на почетокот на неговата кариера, тој е природно талентиран централен напаѓач, кој поседува моќен удар со двете нозе и е добар во играта во воздухот. Се издвојува по своето забрзување, тактичка интелигенција, пожртвуван дух, и нос за гол. Тој е исто така надарен со акробатски вештини, толку многу што постигнал неколку голови од удар со „ножички“. Во текот на втората половина од неговата кариера, тој честопати играл под очекувањата, фактор што ја спречил неговата дефинитивна афирмација во врвен напаѓач и поради што не ја остварил кариерата која му се предвидувала во неговите најдобри денови.

Клупска кариера Албинолефе Роден во Калчинате, Провинцијата Бергамо, Белоти ја започнал својата кариера во вториот по големина тим од покраината, Албинолефе, кој тогаш се натпреварувал во Серија Б. Како играч на младинскиот тим од 2010 година, Белоти го направил своето деби за првиот тим на 10 март 2012 година (во 30-тото коло од првенството), против Ливорно во поразот со 4-1 и уште на своето деби го постигнал својот прв гол за клубот. Потоа тој одиграл неколку последователни натпревари како замена од 32-рото до 34-тото коло и започнал како стартер во 4 натпревари од 35-тото до 39-тото коло, отсуствувајќи само во 37-мото коло.http://www.albinoleffe.com/component/campionato1112/?task=giocatore&giocatore=11381 Својата прва професионална сезона ја завршил со 8 настапи и 2 гола во Серија Б. Исто така, тој постигнал 13 гола, како најдобар стрелец на младинскиот тим во текот на сезоната 2011-2012, во која Албинолефе го освоиле младинското натпреварување Трофео Досена, во јуни 2012 година.

По завршувањето на сезоната 2011-2012, во која Албинолефе испаднале од Серија Б во Лега Про Прима Дивизионе, Белоти бил промовиран во прв напаѓач на клубот за сезоната 2012-2013. Својот прв натпревар за сезоната го одиграл на 5 август 2012, играјќи ги сите 90 минути во поразот со 3-0 од Кјети во првото коло од Купот на Италија. Својот прв гол за сезоната го постигнал на 9 септември, носејќи му бод на својот тим на гостувањето против Кремонезе со гол на седум минути пред крајот, во натпревар што завршил 1-1. Сезоната ја завршил со вкупно 32 настапи и 12 гола.

Палермо На почетокот на сезоната 2013-2014, Белоти одиграл само еден натпревар за Албинолефе (Албинолефе-Турис 4-1, во Купот на Италија), пред на 2 септември, тој да се пресели во Палермо на позајмица (за сума од 500.000 евра),Palermo-Belotti: le cifre del riscatto. Tutti i dettagli Palermo24.net со право на откуп на половината од неговиот договорPresi Belotti e Verre. Viviano in prestito all'Arsenal Palermocalcio.it за сума од 2,5 милиони евра.Belotti rosanero a metà. Per Kurtic si va alle buste Livesicilia.it Во Серија Б, каде Палермо се нашол откако во претходната сезона испаднале од Серија А, Белоти го направил своето деби за сицилијанците на 24 септември 2013, влегувајќи како замена на местото на Давиде Ди Џенаро во натпреварот против Бари, и набргу асистирал за голот на Кајл Лаферти со кој бил ублажен поразот на тимот (2-1).Kappao al San Nicola. Il Palermo perde 2-1 Palermocalcio.it Својот прв гол во дресот на Палермо го постигнал на 5 октомври против Бреша (1-1), помагајќи му на својот тим да дојде до израмнувањето на резултатот. Својот прв старт за Росанеро го имал на 24 ноември во натпреварот Палермо-Латина (1-2) во 15-тото коло од сезоната; во следниот натпревар пак, за првпат како професионалец тој постигнал два гола на еден натпревар, придонесувајќи за победата над Новара (2-1). На 26 декември 2013 година, во текот на победа со 1-0 над Тернана, Белоти претпел повреда на адукторниот мускул,Palermo, Belotti: "Il mio infortunio è stato grave, farò di tutto per esserci contro il Bari" Tuttopalermo.netPalermo sorridi, torna Belotti Lagazzettapalermitana.it враќајќи се на терен дури на 10 март 2014, за да ги одигра последните минути од натпреварот Јуве Стабија-Палермо (0-3), а на 22 март го постигнал победничкиот гол во натпреварот против Пескара добиен во гости со 1-2. На 26 април 2014 повторно играл како стартер во натпреварот против Латина во 36-тото коло од првенството, по точно четири месеци од последниот настап во почетните единаесет. На 3 мај 2014 година, со победата над Новара од 1-0 на гости, Палермо изборил промоција во Серија А. Белоти ја затворил сезоната со 24 првенствени настапи и 10 гола.

На 18 јуни 2014 година, Палермо го искористил своето право за откуп на половината од договорот на играчотAcquistata la metà di Belotti Palermocalcio.itIl Palermo Calcio riscatta la compartecipazione di Andrea Belotti Albinoleffe.com во замена за веќе договорените 2.500.000 евра, плус добиле опција за откуп на другата половина од договорот за дополнителни 3,5 милиони евра. Во пресрет на сезоната 2014-2015 го заменил бројот на дресот од 30 на 99 по совет на пријатели. На 31 август 2014, Белоти го напрвил своето деби во Серија А, влегувајќи како замена во 76-тата минута од натпреварот Палермо-Сампдорија (1-1) во првото коло од сезоната, заменувајќи го Пауло Дибала.Palermo-Samodoria 1-1 Palermocalcio.it На 12 септември, договорот на играчот е целосно откупен од Палермо.Riscattata la seconda metà di Belotti. "Ringrazio la società per la fiducia" Palermocalcio.it На 24 септември, во натпреварот против Наполи што завршил 3-3, играјќи за првпат како стартер во најсилната италијанска лига, Белоти ги постигнал своите први два гола во Серија А. На 13 декември 2014, влегувајќи од клупата за резерви во 88-мата минута во натпреварот Палермо-Сасуоло го постигнал победничкиот гол во судиското продолжение поставувајќи ги конечните 2-1 и носејќи му победа на тимот од Сицилија, со што продолжила серијата на клубот од 7 натпревари без пораз (што претставува израмнување на рекордот од сезоната 2009-2010 со Делио Роси на клупата). На 31 мај 2015, го постигнал својот шестти гол за сезоната во победата со 2-1 на гости против Рома во последното коло од првенството.

Торино

На 17 август, бил купен од екипата на Торино,Belotti al Toro Torinofc.it за сума од 7,5 милиони евра. Својот прв гол за клубот, го постигнал на 28 ноември истата година, во натпреварот од Серија А против (2-0); На 17 јануари 2016 година, тој за првпат постигнал два гола на ист натпревар за „Торо“, одлучувајќи го соочувањето против завршено со резултат 4-2 во полза на неговата екипа. На 20 март, тој постигнал гол од пенал во 48-мата минута со што ја прекинал серијата од 974 минути без примен гол на голманот на Јувентус, Џанлујџи Буфон, која и денес претставува рекорд за најмногу последователни минути без примен гол во Италија, во поразот на Торино на домашен терен од 4–1. Тој ја завршил својата прва сезона со „биковите“ со 35 настапи и 12 гола.

Тој ја започнал сезоната 2016–2017 постигнувајќи гол со глава против Милан на Сан Сиро, но пропуштил можност да постигне уште еден гол кога неговиот удар од пенал бил одбранет од Џанлујџи Донарума во поразот од 3–2. Во следното коло, на 28 август, тој го постигнал својот прв хет-трик во кариерата во победата од 5–1 на домашен терен против Болоња. На 4 декември 2016 година, тој го продолжил договорот со Торино до 2021 година, со вметната откупна клаузула од 100 милиони евра, која важела само за странски клубови. На 5 март 2017 година, за време на натпреварот против неговиот поранешен клуб , тој ја носел капитенската лента за првпат, во натпревар во кој го постигнал најбрзиот хет-трик во Серија А (за 7 минути и 15 секунди), надминувајќи го претходниот рекорд на Андриј Шевченко поставен на 30 јануари 2000. Следниот месец, тој станал првиот играч на возраст под 24 години кој постигнал 24 гола во една сезона во Серија А, по Шевченко во сезоната 1999-2000. Сезоната ја завршил со 26 гола во 35 настапи, и бил трет најдобар стрелец во првенството зад Един Џеко од Рома и Дрис Мертенс од Наполи (28).

Во летото 2017 година, напаѓачот бил назначен за прв капитен на Торино, преземајќи ја лентата од Емилијано Морети. Својот прв гол за сезоната 2017-2018, го постигнал со удар со „ножички“ во победата со 3-0 на домашен терен над во второто коло од Серија А. Сепак, неговата сезона била под влијание на некои физички проблеми, поради што Белоти не го повторил подвигот од претходната година, постигнувајќи само 10 гола во 32 првенствени натпревари.

На 26 август 2018 година, Белоти го постигнал својот прв гол за сезоната сезоната 2018–2019 во ремито 2–2 против Интер на Сан Сиро. На 4 ноември, тој постигнал два гола во победата со 4–1 на гости против Сампдорија. На 25 мај, тој повторно постигнал гол со „ножички“, и уште еднаш против Сасуоло, во победата со 3-2. Со 15 постигнати гола во првенството, Белоти го водел Торино до освојувањето на седмото место, благодарение на кое клубот изборил пласман во УЕФА Лига Европа, за првпат после пет години откако „биковите“ за последен пат учествувале во конфедерациско клупско натпреварување.

На 25 јули 2019 година, Белоти го имал своето деби во европските натпреварувања, за време на натпреварот од второто квалификациско коло од Лига Европа, против унгарскиот клуб Дебрецин (3-0), одбележувајќи го своето деби со гол од пенал. Тој, исто така, постигнал гол во двата натпревари од плејоф рундата против , каде неговиот тим сепак бил елиминиран од англичаните. Тој имал добра индивидуална сезона постигнувајќи голови редовно во текот на целата сезона и веќе на 23 јуни 2020 година, дошол до својот 10-ти погодок за сезоната во првенството, постигнувајќи двоцифрен број на голови во Серија А за петта година по ред. На 13 јули 2020 година, со голот кој го постигнал во поразот од Интер (1-3), Белоти станал третиот играч во историјата на Торино кој постигнал најмалку 15 голови во две сезони по ред со дресот на „граната“, по Паоло Пуличи и Франческо Грацијани.

На 12 декември 2020 година, за време на првенствениот натпревар загубен од (2-3), Белоти го постигнал својот стотти гол во дресот на Торино, израмнувајќи се со Адолфо Балончиери како осми најдобар стрелец во историјата на клубот од Пиемонт, за да го надмине споменатиот играч само пет дена подоцна благодарение на голот постигнат во поразот од (3-1). Тој, исто така, постигнал двоцифрен број голови во Серија А и во сезоната 2020-2021, со што ја забележал својата таква шестта година по ред, само една помалку од рекордот на Паоло Пуличи (со 7 сезони по ред).

thumb|Белоти (број 9) за време на неговата последна сезона со , во натпревар против