Затворот Анемас е голема византиска зграда во ѕидините кај Влахерна, во Истанбул, Турција.
Објектот е познат според Михаил Анемас, византиски генерал кој бил првиот човек кој бил затворен во затворот по неуспешниот бунт против Алексеј I Комнин. Во последните години од империјата, во овој затвор биле затворени најмалку шест византиски императори како Исак Ангел кој бил ослепен а подоцна убиен. Објектот се наоѓа во предградието на Влахерна и истиот бил граден во времето на Михаил Комнин врз ѕидините на Ираклиј I (610-641).
Надворешниот дел е висок 23 метри. Надворешно градбата се состои од две правоаголни кули поврзани со еден заеднички ѕид. Една од кулите денеска е позната како кула на Исак Ангел изградена во 1188 година. На фасадата од кулата и денеска можат да се видат два вградени крста.
Извори
Категорија:Градби во Истанбул Категорија:Византиски тврдини во Турција Категорија:Згради и градби во Цариград Категорија:Затвори во Турција