Византиското Царство од страна на Сириската династија била управувана во периодот од 717 година со назначувањето на Лав III Исавријанин за цар а завршило во 802 по крајот на владеењето на царицата Ирина.

Сириските или Исавријанинските цари биле успешни во одбраната и зацврстувањето на империјата во нејзината војна против Арапскиот калифат. Под Сириската династија, Византија немала големи успеси во Европа, каде претрпела неуспех против Бугарите, морала да се откаже од Равена во Италија, каде било засекогаш изгубено византиското влијание во црквата, наспроти растечката моќ на Франките.

Сириската династија главно е поврзена со византиското иконоборство, односно обид да се забранат иконите во манастирите, кое резултурало со значителни немири во внатрешноста на империјата.

До крајот на нивното управување во 802 година, Византија продолжила со своите војни против Бугарија и Калифатот додека папа Лав III го крунисал Карло Велики како цар на Римјаните, како наследник на Римското Царство.

Заднина

Византија под Ираклиевата династија (610-695 и 705-711) се соочила со едни од најголемите предизвици во историјата на земјата, По успешната војна со Персија, двете империи останале исцрпени и ранливи во лицето на ненадејната појава и ширење на исламот преку муслиманската експанзија од Арабија во Левант.

По муслиманското освојување на Сирија, империјата го изгубила и Египет, како главен извор на жито по кое даночните приходи на империјата биле намалени. Муслиманските освојувања продолжиле кон Африканскиот егзархат, Мала Азија и Ерменија како главен извор на работна сила во империјата. Во следниот период, муслиманите успеале да направат своја сопствена морнарица по кое започнала нивната инвазија за превласт во Средоземно Море. Избивањето на граѓанската војна во муслиманските земји во 656 година довело до засиување на позициите на Византија на Балканот и Италија. Во периодот од 674 до 678 година, престолнината Цариград била ставена под опсада од муслиманите, но по муслиманското повлекување Византија започнала контраофанзива кон Мала Азија.

Големите немири во империјата започнале кога на престолот застанал Јустинијан II Ринотмет, период исполнет со големата суровост и деспотизам кои наскоро го направиле објект на омраза од страна на населениетоOstrogorsky, pgs. 116–122. Непопуларноста на Јустинијан II била искористена од војсководецот ЛеонтијBury, pg. 354. Во 695 година, тој успеал да побегне од затвор, каде бил чуван по наредба на Јустинијан, по кое успеал да го зароби на Јустинијан и наредил да му го преселат носот и јазикот, поради кое Јустинијан подоцна бил наречен Ринотмет. Соборениот цар бил испратен на заточение во Крим.. Така започнал периодот на нестабилност и анархија, кој траел 22 години и за кој период биле сменети седум цариJenkins, Romilly (1966). Byzantium The Imperial centuries AD 610-1071. p. 56. Откако Јустинијан II Ринотмет повторно станал цар, тој се одмаздил на суров начин на своите противници, и тоа поранешните цареви Тибериј и Леонтиј, кои биле обезглавени јавно на хиподромот. Второто владеење на Јустинијан (од 705 до 711 година) се покажало како уште поголем неуспех за разлика од првото управување. Во 711 година Јустинијан II бил соборен од престолот, на чие чело застанал Филипик Вардан, кој исто така бил соборен по две години и наследен од Анастасиј II. Иако се обидел да ја стабилизира империјата, Анастасиј II наметнал строга дисциплина, тој управувал по волјата на армиските делови на империјата и по двегодишна власт бил соборен од нив во корист на Теодосиј III. Еден од највисоките негови стратези бил Лав, командант на војниците во Анадолија, кој по победата над арапите кренал бунт во Анадолија и без тешкотии го принудил на Теодосиј да се повлече од престолот.

Со доаѓањето на Лав III Исавријанин бил ставен крај на периодот на немири и нестабилност во земјата, а самиот Лав го дал почетокот на Сириската династија.

Лав III Исавријанин

Лав III бил основач на Исавријанската или позната уште како Сириска династија. Лав III е еден од најважните византиски владетели, кој успеал да ја извади империјата од периодот на анархија и кој успеал да се справи со арапската закана, кога во август 718 година Арапите биле поразени од бугарскиот хан Тервел по кое била повлечена Опсадата на престолнината по четири години. Тој исто така ја наметнал новата црковна доктрина на иконоборството.

thumb|Грчки оган, употребен при опсадата На 25 март 717 година Лав III бил крунисан во Света Софија по абдикацијата на Теодосиј III. Во тоа време империјата се наоѓала во многу тешка положба, губејќи ја војната со Арапите, кои ја опседнале престолнината Цариград во текот на една година. Опкружен од сите страни, градот бил на работ на пропаст. Арапските сили во даден момент имале над 100,000 војници Guilland, Rodolphe. "L’expédition de Maslama contre Constantinople (717–720)" in Études Byzantines. Paris: Presses universitaires de France, 1959, pp. 109–133., но во арапскиот камп, како и во опсадата на византиската престолнина, се појавил глад. Голем број на муслимански војници починале од различни болести и глад, а оние кои останале биле принудени според некои современи извори, да ги јадат мртвите коњи, тела и слично. Со бугарска помош од страна на Тервел како и со силното византиско оружје т.н. грчки оганTreadgold. History of the Byzantine State, p. 347., царот успеал да ги натера на Арапите да ја повлечат опсадата. Како резултат на битката Византиското Царство била спасена од распаѓање, а југоисточна Европа била спасена од арапската инвазија во наредните векови. Оваа е една од најважните и решавачки борби во историјата на Византија.

Како поранешен стратег на Анадолија, цар Лав III останал претставник на воено-земјишната аристократија и до крајот на владеењето ги бранел нејзините интереси. Со цел да ја зацврсти царската власт, тој извршил голем број на реформи, вовел ред во државната администрација и финансии. Лав III исто така издал нов зборник со закони Ecloga објавена во 726 година. Тој ја ограничил примената на смртна казна и го забранил ропството во Византија, вовел нов даночен и судски систем во корист на малите сопственици и создал нови теми во егејскиот регион.

thumb|Византиско ионоборство од 9 век.Byzantine iconoclasm Лав III го означил почетокот на византиското иконоборствоLadner, Gerhart. "Origin and Significance of the Byzantine Iconoclastic Controversy." Mediaeval Studies, 2, 1940, pp. 127–149.. Така, наместо икони, на јавните места започнале да се поставуваат крстови. Оформено под влијание на исламската идеја дека сликите на луѓе и животни не можат да бидат свети, иконоборството во Византија претставувало реакција против прекумерниот раст на монаштвото и манастирите, кои биле голем товар на државата и конкурент на нејзината власт.

Во 726 година бил издаден едикт според кој иконите биле забранетиTreadgold. History of the Byzantine State, pp. 350, 352–353.. Но, едиктот бил пречекан со силно противење од цариградски патријарх Герман и од страна на клирот и народот. Папа Григориј II и Јован Дамаскин, исто така, го кренале своjот глас во заштита на православието, како и повеќето теолози и монасите, поради што тој започнал гонење и страшно мачење и убивање на истите. Како незадоволство од таа одлука, во Грција се дигнала буна, која во 727 година била задушена. Патријарх Герман I не сакал да го потпише царскиот декрет и дал оставка, а на негово место Лав III го поставил неговиот истомисленик – патријархот АнастасијTreadgold. History of the Byzantine State, p. 353..

Папата Григориј II во својата преписка со царот му укажал на грешката, но тој не сакал да се покае, по кое западниот дел од црквата одбил повеќе да не плаќа данок на Цариград. Во времето на папа Григориј III бил свикан синод од 93 епископи на кој била донесена одлука дека секој кој ќе оди против иконите, ќе биде екскомунициран од црквата. Како одговор на тоа, Лав сакал да се одмазди, одземајќи ја областа Илирик, како и Калабрија и Сицилија од јурисдикцијата на римскиот папа и префрлајќи ја на цариградскиот патријархTreadgold. History of the Byzantine State, pp. 354–355.. Ова дополнително ги влошило односите меѓу двете страни. Така папата решил да побара помош во западните земји. Во 727 година, во Равена, Италија, избувнало востание против византискиот цар. Испратената византиска флота потонела во бура кое довело до губење на останките од т.н. Равенски Равенски екзархат. Лав III Исавријанин починал во 741 година.

Константин V Копроним

Набргу по стапување на престолот, Константин V се соочил со граѓанска војна (741-743), која започнала поради незадоволството на иконоборската политика на царот. Додека Константин V започнал воен поход против Арапите во Мала Азија во 741/2 година на чело со Хишам ибн Абд ал-Малик, стратегот Артавазд Иконољубец, кој бил сопруг на неговата сестра Ана, се прогласил за цар во Тракија и на темата Опсикион, со поддршка на ерменските единици, при кое Константин бил принуден итно да се врати назад за да собере војници во Анадолија. Артавазд бил поздравен од народот во Цариград, каде официјално бил крунисан за цар. Во овој период започнала обнова на почитувањето на иконите, кое дополнително го подобрил неговиот имиџ пред населението. Сепак, поголемиот дел од азиските армии останале на страната на Константин и кон средината на 743 година тој успеал да го порази на узурпаторот и истата година Артавазд Иконољубец бил симнат од престолот и ослепен. Задушувањето на бунтот кон крајот на 743 година било проследено со голем терор и масовни погубувања.

Константин V бил приврзаник на иконоборството и ги прогонувал приврзаниците кои ги почитувале иконите. Во текот на неговото владеење биле уништени голем број на реликви и манастири. Тој всушност се покажал и поголем фанатик во иконоборството од неговиот татко Лав. На соборот донесена одлука за строга забрана на култот на иконите. Наредено било нивно целосно уништување. Наместо да се цртаат светители, црквите почнале да се украсуваат со птици, цвеќиња и овошје. Во 766 година Константин V дошол во судир со неговиот патријарх, поради што го обезглавил и на негово место го поставил Никита I Цариградски. Оваа политика била спроведена исклучиво сурово и била проследена со големи злосторствата. Според Теофан Исповедник, голем дел од монасите биле погубени преку камшикување, обезглавување и ослепување. На некои од црковните лица им биле намажувани нивните бради со мелем од восок и масло, по кое истите биле запалувани за да може да им биде изгорено нивното лице и глава.

Константин V започнал неколку офанзивни кампањи против ослабениот Арапски калифат. Така во 746 година тој успеал да ја освои Северна Сирија, а следната година арапската флота била поразена од византиската кај островот Кипар, кој подоцна бил повторно присоединет кон империјата. Во 752 година царот започнал нов успешен поход против Арапите во Малатија, достигнувајќи до Горен Еуфрат. Константин V започнал да формира нова административната поделба на империјата и ја подобрил ефикасноста на теренската армија, создавајќи нови поделби - тагми.

Поради обврските главно со конфликтите на Балканот и Мала Азија, Константин V ја оставил во заден план заштитата на териториите во Италија, каде во 751 година Равена била заземена од Ломбардија. Кон крајот на неговото владеење Ломбардите го освоиле градот Рим, кој никогаш повеќе не се вратил под власта на Византија.