Максим IV (), претходно познат како Манасиј (), бил православен христијански монарх и епископ. Тој бил Вселенски патријарх од 1491 до 1497.
Живот Тој бил игумен на манастирот „Ватопед“ на планината Света Гора пред да биде назначен од патријархот Симеон I Цариградски како митрополит на Сер, град со кој управувал под религиозното име „Манасиј“.
Првите месеци од 1491 тој бил избран за цариградски патријарх со поддршка од монасите на Света Гора. При неговото избирање тој го променил своето име во „Максим“, сигурен случај во историјата на Вселенската патријаршија бидејќи вообичаено се поседува монашко име во текот на црковната кариера. Како патријарх тој ги бранел правата на православните христијани кои живееле на териотриите кои припаѓале на Венецијанската Република.
За време на неговото владеење излегле муабети во врска со него, од непознат извор, кои резултирале со негово губење на престолот во почетокот на 1497 година.
По неговата оставка тој останал активно вклучен во црковните прашања, дури и покренувајќи заговор против неговиот наследник, патријархот Нифонт II, сè до тогаш кога бил присилен да се пензионира во манастирот Ватопед, каде починал на непознат датум.
Белешки __FORCETOC__
Надворешни врски Historia politica et patriarchica Constantinopoleos, Cap XII: P. Maximus, (trans. Martin Crusius, 1584) Primary source. and
Категорија:Отоманци од 15 век Категорија:Вселенски патријарси Категорија:Грци од 15 век Категорија:Светогорски монаси