мини| десно | Ханот Крум, слика од 1917 Опсадата на Адријанопол се одвила во перидот од летото до есента 813 година на градот на Едрене, денешна Турција, помеѓу силите на Византиското Царство и силите на Бугарија. Опсадата е дел од Византиско-бугарските војни, а завршила со победа на Бугарите.

Заднина

Опсадата претставува дел од походот на бугарскиот хан Крум ротив Византија. Како главен град на тема Македонија и седиште на епископотFine, The Early Medieval Balkans, p. 79, во почетокот на 9 век Адријанопол (Едрене) претставувал еден од главните воено-административни и духовни седишта во Византиска Тракија. Градот бил стратешки важен поради својата местоположба на главните патишта кои водат од север и северозапад кон византиската престолнина ЦариградГюзелев, Кавханите и ичиргу-боилите, с. 52. Градот исто така бил користен и како најблискиот пункт и излезна база за византиските воени експедиции против Бугарија во 807 и 813 годинаЗлатарски, История на българската държава през средните векове, том I, част 1, с. 326, 346.

Заедно со Сердика, Вереја, Филипопол и Дебелт, Адријанопол претставувал една од најголемите тврдини кои го попречувале напредувањето на Бугарите на југ од Стара ПланинаОстрогорски, История на византийската държава, с. 272. По поразот и загинувањето на византискиот цар Никифор I во Битката кај Плиска, овие тврдини започнале да паѓаат една по една во рацете на БугаритеЗлатарски, История на българската държава през средните векове, том I, част 1, с. 338-339.

Опсада

На 22 јуни 813 година, во Битката кај тврдината Версиникија, византиската армија претрпела уште едно тежок пораз. Веднаш по оваа победа хан Крум го оставил својот брат (чие име не е споменато во изворите) со дел од војската за да започне опсада на Адријанопол, а самиот тој со останатите војници заминале кон Цариград и на 17 јули пристигнале пред неговите ѕидини. Братот на Крум не успеал да ја заземе тврдината, но го блокирал гарнизонот кој се наоѓал таму и на тој начин го обезбедил партот на бугарските војници кои дејствувале против византиската престолнинаГюзелев, Кавханите и ичиргу-боилите, с. 195.

Откако преговорите за мир со император Лав V Ерменец пропаднале поради неуспешниот атентат против Крум, бугарскиот владетел започнал одмаздничка игра, наредувајќи да се опустошат сите градови во Источна Тракија. На враќање од овој марш Крум се приклучил на војниците кои го држеле под опсадаградот. Во нападите врз градот, Бугарите користеле опсадни машини. Сепак византискиот гарнизон го издржал притисокот и се предал дури откако му се намалиле резервите во есента на 813 годинаЗлатарски, История на българската държава през средните векове, том I, част 1, с. 349-357 .

Последици

За да ја ослабне византиската власт во Тракија и да ги подготви условите за одлучен напад против Цариград, Крум наредил иселување на 10.000 од жителите на Адријанопол и неговата околина во неговите територии на север од ДунавЗлатарски, История на българската държава през средните векове, том I, част 1, с. 357-359. Во градот била наметната бугарска воена администрација на чело со крумовиот брат.

Со мировниот договор склучен во 814/815 година од хан Омуртаг, Адријанопол бил вратен во пределите на ВизантијаРънсиман, История на Първото българско царство, с. 71.

Наводи

Литература Гюзелев, В. Кавханите и ичиргу-боилите на българското ханство-царство (VII-XI в.), Пловдив 2007, ISBN 978-954-91983-1-7 Златарски, В. История на българската държава през средните векове, том I, част 1, София 1970 (цитиран по електронното издание в „Книги за Македония“, посетено 2.1.2009) Острогорски, Г. История на византийската държава, София 1998, ISBN 954-8079-92-5 Рънсиман, Ст. История на Първото българско царство, ИК „Иван Вазов“, София 1993 Fine, J. The Early Medieval Balkans: A Critical Survey from the Sixth to the Late Twelfth Century, University of Michigan Press, 1991, ISBN 0472081497

Категорија:Бугарија во 9 век Категорија:Византија во 9 век Категорија:Битки во Византиско-бугарските војни Категорија:Опсади на Византија