Јован V Палеолог (грчки: Ίωάννης Ε' Παλαιολόγος, 18 јуни 1332 - 16 февруари 1391) бил византиски цар од династијата Палеолози кој владеел неколкупати во периодот од 1341 до 1391 година.
Владеење По смртта на таткото-цар Кога Андроник III на 15 јуни 1341 г. умрел, неговиот син Јован V имал само девет години. Како најблизок пријател и соработник на покојниот цар, големиот доместик Јован Кантакузин полагал право врз водењето на регентството. Меѓутоа, против него се создала моќна опозиција којашто се собрала околу царицата мајка-мајка Ана Савојска и патријархот Јован Калекас. А најопасен противник на Кантакузин му бил неговиот некогашен приврзаник, итриот Алексиј Апокавк, којшто во времето на граѓанската војна се истакнал на страната на Андроник III и се здобил со големи почести и богатства.Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 616.
Наводи
Категорија:Православни монарси Категорија:Палеолози Категорија:Византиски цареви од 14 век Категорија:Родени во 1332 година Категорија:Починати во 1391 година Категорија:Византијци од 14 век Категорија:Погребани во манастирот „Христос Седржител“ (Цариград)