200px|мини|десно|Сопругот на Марија Амниска, Константин VI Слепиот претседава на Седмиот вселенски собор. Марија (околу 770 - по 823) — византиска царица, прва жена на царот Константин VI Слепиот. Марија е родена во градот Амнија, област Пафлагонија. Името на нејзиниот татко е непознато, а за нејзината мајка се знае дека се викала Хипатија и била внука Свети Филарет.

Во 788 година Марија била избрана за жена на Константин VI од неговата мајка Ирина. Свадбата била направена во ноември 788 година. Марија и Константин VI имале две ќерки:

Ефросина (790-836), мажена за Михаил II Амориецот Ирина

Во 794 година Константон VI се вљубил во Теодота, дворската дама на Ирина. Во јануари 795 бракот на царот и Марија Амниска бил поништен, а веќе поранешната царицата и нејзините ќерки биле испратени во манастир на остров Принкипо. Во септември 795, Константин VI се оженил за Теодора. Според Теофан Исповедник, причина за неуспешниот брак на Марија и Константин VI била Ирина. Можно е причина за тоа да бил фактот што за шест години брак со Константин, Марија не успеала да му роди машки наследник.

Марија останала калуѓерка до крајот на својот живот. Името на Марија Амниска се споменува за последен пат во 823 година, кога нејзината ќерка Ефросина била повикана од манастирот за да биде омажена за цар Михаил II. Марија била против овој брак, но на нејзините жалби не било обрнато внимание. Годината на нејзината смрт е непозната.

Надворешни врски Article about Irene by Lynda Garland, contains section on the marriage of Maria

Категорија:Византиски царици Категорија:Сириска династија Категорија:Византијци од 8 век Категорија:Византијци од 9 век