Крналово () — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
Селото Карналово се наоѓа на 8 километри северно од општинскиот центар Петрич во југоисточниот дел од планината Огражден во Петричката котлина. Климата е преодна средоземна со максимален зимски и летен минимум врнежи од дожд и придонесува за развој на раното производство на зеленчук. Просечните годишни врнежи од дожд се околу 700 милиметри. Реката Струмица тече низ селото и претставува граница на својата територија на југ. Соседни села се Старчево и Михново. Недалеку од селото се наоѓа месноста Рупите. Селото се наоѓа на надморска висина од 113 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 15.342 км2.
Историја Антички и средновековен период
Според легендата, селото било основано на подрачјето на Наново (околу 4 километри северно од селото), но подоцна неговите жители се преселиле во сегашното место. Останале само урнатините од старото село Наново. Археолошките ископувања биле извршени на истото наоѓалиште и се пронајдени реликвии од римско време. За време на средниот век, селото се преселило во сегашното место. Центарот на селото се наоѓал во северниот дел од денешното село, близу до црквата и училиштето.
Османлиско Царство
Селото се споменува во османлиски дефтери од 1570 година, во 1664-1665 година. Според првиот дефтер, во 1570 година во селото живееле 4 муслимански семејства и 160 христијански семејстваТурски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр.587-588..
Во 19 век, егзистенција на населението била од земјоделството, сточарството, производство на масло од сусам, трговија со добиток и памук. Во 1870 година црквата „Св. Атанасиј“ (споменик на културата) била изградена. Во 1893 година во селото било отворено основно училиште. Во текот на 19 век, селото било чисто македонско и било во составот на Петричката Каза.. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кирново (Kirnovo) е село со 53 семејства и 182 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149.. Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал дека е чифлик на петричанинот Хусни Бег, дека полето е плодородно и дека од Петрич до селото се натува еден часСтрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 31..
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 700 жители, сите МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187.. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 704 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, работело едно егзархиско училиште со 1 учител и 22 ученициBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 186-187..
Селото било ослободено од османлиска власт за време на Балканските војни. За време на војните, жителите на селото се вклучиле во четата на Никола Парапанов. По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, седум лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 857.
Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Население +Население на Крналово по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 954 1242 1470 1680 1773 2040 2005 1897 1728 1.695
+Национален состав на населението од 2011 година: Националност Жители Процент Бугари 1686 99,35% Останати 10 0,59% Вкупно 1697 +Население по возраст од 2011 година:
Општествени установи Основно училиште "Браќа Миладинови" Читалиште "Гоце Делчев"
Културни и природни знаменитости Храм "Свети Атанасиј Александриски"
Наводи
Категорија:Општина Петрич Категорија:Села во Пиринска Македонија