Мелетиј I Цариградски — александриски патријарх меѓу 1590 и 1601 година. Во периодот од 1597 до 1598 година тој бил месточувар на Вселенскиот патријарх. Тој се чествува како светец во источната православна црква.

Живот

Мелетиј е роден во Кандија (Ираклион) на островот Крит, во тој период главен град на венецијанското Кралство Кандија во 1549 година, каде тој изучувал класична филологија, филозоија и медицина во Падова. Тој бил избран за протосинкел на Александрискиот патријарх Силвестер, по чија смрт тој бил негов наследник на 5 август 1590 година.

Иако бил поддржувач на доктрината на пресуштествување, тој бил голем противник на Католичката црква, и се обидувал да ја обедини Грчката црква со Коптската црква. Во 1593 година тој учествуал на синодот во Цариград кој го потврдил основањето на Московската патријаршија.

Без да се повлече од позицијата на Александриски патријарх, тој бил местодржец во Цариградската патријаршија во периодот од декември 1596 година до февруари 1597 година, и од март 1597 до април 1598 година, кога поднел оставка за да продолжи да се грижи за неговото Египетско намесништво.

Починал во Александрија на година.

Наводи

Категорија:Православни епископи од 16 век Категорија:Грци од 16 век Категорија:Грчки православни Александриски патријарси Категорија:Вселенски патријарси Категорија:Родени во 1549 година Категорија:Луѓе од Ираклион Категорија:Христијански светци од 17 век