Константин Ангел (1122–1166) — византиски адмирал и паниперсебаст, на Филаделфија, водач на царската флота во Сицилија, кој се оженил со Теодора Комнина во 1122 година, најмладата ќерка на Алексиј I Комнин и Ирина Дукина. Според современикот Никит Хонијат, Константин бил храбар, вешт и згоден, но со нижо потекло. Тој бил син на Маноли Ангел Филаделфија и имал уште три браќа: Никола Ангел, Михаил Ангел и Јован Ангел, војсководец во Италија.
Преку својот син Андроник Дука Ангел, тој бил зачетникот на Ангелската династија. иако биле потомци од семејството Ангели, тие честопати имале други имиња.
Деца Јован Дука (1125/27 – 1200), имал неколку деца од еден или два брака, и незаконски син. Незаконскиот син, Михаил I Комнин Дука, ќе го основа Епирското Деспотство, и бил наследен од неговите полубраќа. Алексиј комнин Ангел, оженет и имал еден син. Андроник Дука Ангел (починал по 1185), византиски војсководец во Мала Азија, се оженил со Евросина Кастамонтиса, со која имал девет деца меѓу кои биле и царевите Алексиј III и Исак III. Исак Ангел, воен управник на Киликија Марија Ангелина, се омажила со Константин Камиц, со кого имала една ќерка. Евдокија Ангелина, се омажила со Василиј Цикадел Зоја Ангелина, се омажила со Андроник Синаден
Наводи
Категорија:Починати во 1166 година Категорија:Византијци од 12 век Категорија:Византиски адмирали Категорија:Починати во непозната година Категорија:Несигурна година на раѓање