Мандолината на капетан Корели (англиски: Captain Corelli's Mandolin) е американски воен филм од 2011 година, во режија на Џон Маден. Филмот е заснован на истоимениот роман од 1994 година на Луј де Берниер. Главните улоги ги играат: Николас Кејџ и Пенелопе Круз. Содржина Дејството на филмот се одвива на грчкиот остров Кефалонија, во 1940 година. Пелагија е млада жена која живее со својот татко, доктор Јанис, уживајќи во идиличниот живот крај Јонско Море. Но, војната се приближува до островот и нејзиното момче, Мадрас, решава да му се приклучи на движењето на отпорот против италијанските окупатори. Тогаш на островот пристигнува војникот Антонио Корели, кој работи како преведувач за италијанската војска.„Мандолината на капетан Корели“, Антена, број 887, 26.6.2015, стр. 27.

Заработка Во првиот викенд на прикажување, филмот се пласирал на 6. место со заработка од $7,209,345 долари. Во домашните киносали филмот заработил само $25,543,895 долари, но имал и заработка од $36,569,000 долари ширум светот со што заработил вкупно $62,112,895 долари. Буџетот на филмот изнесувал $57 милиони долари.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Филмови од 2001 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови со Николас Кејџ Категорија:Филмови со Пенелопе Круз Категорија:Филмови на италијански јазик Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Грција