Жената Мачка (англиски: Catwoman) — американски филм од 2004 година, во режија на Питоф Комар. Главните улоги ги играат: Хали Бери, Шерон Стоун, Бенџамин Брет и Ламберт Вилсон.

Содржина Младата Пејшнс Филипс работи како графички дизајнер во козметичката фирма „Хедер бјути“, која се подготвува да произведе нов, револуционерен производ против стареење. Пејшнс случајно ја открива тајната која ја крие нејзиниот работодавач и така таа се наоѓа во центарот на корпоративните сплетки. Во меѓувреме, таа наеднаш се претвора во Жена-мачка, добивајќи неверојатни физички способности - брзина, сила и остри сетила. Така, Пејшнс започнува на своја рака да ги гони криминалците. Истрагата за нејзините акции ја презема полицаецот Том Лоун во кого Пејшнс се вљубува.„Срамежлива девојка со таен идентитет“, Антена, број 893, 7.8.2015, стр. 3. „Жена мачка“, Антена, број 870, 27.2.2015, стр. 17.

Наводи

Категорија: Филмови на англиски јазик Категорија: Американски филмови Категорија: Филмови со Хали Бери Категорија: Филмови со Шерон Стоун Категорија: Филмови со Бенџамин Брет Категорија:Филмови од 2004 година