алт=Църквата „Свети Георги“|мини|Црквата „Свети Ѓорѓија“ Бања — село во Општина Мехомија, Пиринска Македонија, во југозападниот дел на Бугарија. Географија и местоположба Селото е планинско на надморска височина од 801 метар и е наоѓа во центарот на Разлошката Котлина, помеѓу три планини - Пирин, Рила и Родопи. Оддалечено е на 5 километри од Банско и Разлог, на 25 километри од Јакоруда и на околу 150 километри од Софија и Пловдив.

Историја Во XVIII век Бања е село на Разлошката нахија. Во 1748 година селото е тимар на Јусуф.Грозданова, Елена и Стефан Андреев. Бежанци на родна земя, во: Контрасти и конфликти „зад кадър“ в българското общество през XV-XVIII век, София 2003, с. 404.

За времен на Македонското востание во 1878 година, жителите од селото Бања земаат најактивно учество.

XIX век Бања е мешано христијанско и муслиманско село во Неврокопската Каза на Османлиското Царство.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бања е село со 362 домаќинства, 760 Македонци христијани и 270 Помаци.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1.510 жители, сите Македонци од кои 960 христијани и 550 муслимани.

Стопанство

Демографија Бања е голема населба со незначителни промени во бројот на население. Според пописот од 2011 година, во Бања живееле 2.857 жители.

На табелата е прикажан националниот состав на населението во градот: националностброј%Бугари2.45986.0Роми2849,94Турци140,49други60,21не се самоопределиле90,31не одговориле120,42Вкупно2.857100 На табелата е прикажан бројот на населението во Бања за периодот 1965-2011: година193419461956196519751985199220012011население1.5801.8051.8692.1502.5172.7822.8292.8182.857

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани Секоја година во првата недела на месец јули се одржува традиционалниот настан „Празник на моето село“. На тој ден се собираат жителите на селото и сите коишто потекнуваат од Бања, но живеат и работат во различни градови во Бугарија и странство. На настанот земаат учество фолклорни состави од Бугарија и од други земји.

Личности

Васил Пачаџиев (1883 - Кавадарци, 27 септември 1942) — македонски револуционер, тиквешки војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација Димитар Тимотеев Венедиков (1866 - 1939, Софија) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонскиот комитет Јордан Венедиков (15 јануари 1871 - 7 ноември 1957, Софија) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонскиот комитет

Култура и спорт

Иселеништво

Надворешни врски

Наводи

Категорија:Општина Мехомија Категорија:Села во Пиринска Македонија